news-bg

Институции под лупа

Уставен суд под лупа

Уставниот суд на Република Северна Македонија (РСМ) е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.

Уставниот суд на РСМ, одлучува за согласноста на законите со Уставот, одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите и ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејству¬вање и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припад¬ност.

Тој, исто така, решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт, решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа, одлучува за одговорноста на претседателот на државата, одлучува за уставноста на програмите и статутите на поли¬тичките партии и на здруженијата на граѓаните  и одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.

Институтот ја следи работата на Уставниот суд на РСМ преку присуство на седниците на Советот, следење на објавите на нивната официјална веб страна и неговото присуство во медиумите, во рамките на проектите Уставниот суд-Заштитник на владеењето на правото и За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2020.

Во таа насока ИЧП, изготвува квартални и полугодишни извештаи за работата на Уставниот суд и објавува статии и блогови во кои подетално се разгледуваат определени сегменти на работата на Уставниот суд.