projects-bg

Реализирани проекти

„Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“

1 јули 2009 - 30 јуни 2010

Цел на проектот

Главна цел на проектот беше да придонесе кон заштитата на граѓанските права и слободи, со акцент на правото на мирно собирање и изразување јавен протест, преку овозможување на правна помош на граѓаните чии права се оспорени или не се почитуваат. Иако овие права се загарантирани со Уставот на Република Македонија, како и со Европската конвенција за заштита на човековите права, сепак постои потреба од дополнителна интервенција на граѓанскиот сектор. Конкретно, овој проект имаше за цел овозможување на пристап до правда на граѓаните обвинети за одржување на протести преку обезбедување на правна помош, како пред домашните, така и пред меѓународните институции. Изработени беа анализи во постапувањето на надлежните институции и се одржаа јавни дискусии и дебати за прашањата поврзани со правото на изразување на јавен протест.

 Активности

Поднесени беа апликации до Европскиот суд за човекови права за случаите на ограничување, забрана и кршење на слободите и правата на човекот и граѓаните, особено во делот на слободата на изразување и слободата на јавен протест;

Анализа за правото на мисла и изразување и слобода на мирен собир и здружување. (тука)

Јавна дебата „Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест 08.10.2009

Јавна дебата „Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест во рамките на новинарската професија и медиумите 17.02.2010

Преземени случаи во рамките на проектот

Случај Плоштад Слобода застапување на обвинетите припадници на Плоштад Слобода и Прва Архи-Бригада во постапките пред домашните судови (прекршочна постапка)

Лицата кои го организираа протестот против изградба на црква на Плоштадот Македонија во главниот град, беа обвинети за нарушување на јавниот ред и мир во улога на организатори и учесници во тепачка.

Случај Синдикална организација АД 4-ти Ноември Шеќерана Битола

Во рамките на овој случај беше поднесена апликација до Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради прекршување на правото на слобода на собир, односно штрајк и правото на фер и правично судење.

Проектот бешe финансиран од страна на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИИОМ), преку грант на Институтот отворено општество Њујорк. Вкупен буџет на проектот: 17.600 €

news-bg

Новости