projects-bg

Реализирани проекти

Правна подготвеност за инспекции во граѓански организации

Соработници                                                                                                Донатор

Македонско здружение на млади правници                                                   Цивика мобилитас

Институт за човекови права  

Коалиција Сите за правично судење

 

Основна цел

Да се спречат негативните ефекти од инспекциите и да се зајакне довербата меѓу самите граѓански организации за нивното правилно работење како основа за остварување на правото на здружување и изразување и да се зајакне граѓанското општество како институција.

 

Активности

  1. Организирање на две фокус групи со претставници на засегнатите граѓански организации со цел утврдување на предизвиците од правна природа со кои се соочија организациите за време на траењето на инспекциите и контролите од државните институции.
  2. Правна анализа на законодавството во РМ кое се однесува на обврските на граѓанските организации во однос на персоналниот данок на доход како и за правната уреденост на надворешната (даночна) контрола и спроведувањето на предистражни дејствија во кривична постапка кои се однесуваат за кривични дела поврзани со финансовото и даночното работење.
  3. Обезбедување на правна поддршка на граѓанските организации кои се соочуваат со инспекции и контроли преку изработка на водичи и директна правна помош од страна на адвокат.
  4. Изработка на документ за јавна политика кој ги идентификува нејасните и непрецизните законски одредби кои ја загрозуваат правната сигурност на граѓанските организации и ќе предложи препораки за нивно подобрување.
  5. Организирање на тркалезна маса на која ќе биде промовиран документот за јавна политика.

Постигнати резултати

  1. Изработени три водичи за граѓанските организации во кои на јасен начин се претставени обврските на организациите во областа на даночното, трудовото право како и на правата и овластувањата на органите во предкривична постапка.
  2. Обезбедена правна поддршка на граѓанските организации кои се соочија со инспекции и контроли
  3. Изработен документ за јавна политика „Како до подобра законска регулатива која ќе ги заштити граѓанските организации од арбитрарни инспекции и контроли во областа на даночното работење?“ кој содржи препораки за законски измени.
  4. Изработка на иницијатива за поднесување до Уставниот суд на РМ која има за цел оспорување на одредби од Законот за персоналниот данок за доход.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       Вкупен буџет на проектот: 400.000 MKD Civica_Logo_Slogan_original.png (16 KB)Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).  
news-bg

Новости

post-img

КАКО ДО ПОДОБРА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

Овој документ содржи препораки за подобрување на законите кои го уредуваат персоналниот данок на доход, надворешната (даночна) контрола и овластувањата на органите на прогон при спроведување на предистражни дејствија1. Документот се заснова на детална правна анализа на спроведените инспекции и контроли над 21 граѓанска организација во периодот од декември 2016 до мај 2017 година. Препораките произлегуваат од идентификуваните проблеми со кои се соочија граѓанските организаици, а се последица на одредени непрецизни законски одредби. Препораките се насочени пред сѐ кон појаснување и прецизирање на постојните законски одредби и јасно дефинирање на правата и должностите на граѓанските организации2 во случаи кога се предмет на инспекции и предистражни постапки од страна на надлежните органи и особено прецизно уредување на овластувањата на овластените лица кои ги вршат контролите односно предистражните дејствија.

Повеќе
post-img

ВОДИЧ низ претходната кривична постапка

Повеќе
post-img

ВОДИЧ за правата и обврските на граѓанските организации во случај на надзор од инспекцијата на трудот

Повеќе
post-img

ВОДИЧ за правата и обврските на граѓанските организации во случај на надворешна даночна контрола од страна на Управата за јавни приходи

Повеќе