news-bg

Новости

Проект:
СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ (СОРИ) - ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТЕН КАМП

 П О В И К

ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТЕН КАМП ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ (СОРИ) - ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА“ ФИНАНСИРАН ОД ГЕРМАНСКА АМБАСАДА


Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје објавува повик за пријавување на учесници за летен камп во рамките на проектот  Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација “, финансиран од Германската амбасада во Скопје.

Проектот е во дослух со хармонизација на законската регулатива со меѓународните договори за човекови права. Летниот камп има за цел намалување на дискриминацијата и говорот на омраза, запознавање на учесниците со основите на дискриминација, а истовремено и подигнување на свеста за толеранцијата, прифаќањето и правата на ЛГБТИ заедницата помеѓу општата јавност и младите лица.

Во рамките на овој повик ќе се изберат до петнаесет (15) млади луѓе, лица жртви на дискриминација и претставници на невладиниот сектор со искуство и интерес во областа на заштита на човекови права на маргинализирани групи и застапување на случаи од областа на дискриминација. 

Кампот ќе се одржи во периодот 27-30 јули 2020, во хотел Гранит во Охрид.

ЦЕЛ НА ОБУКАТА:

Земајќи ја предвид потребата од запознавање на младите лица со поимите на дискриминација, Институтот за човекови права со овој проект има за цел да иницира акција за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет и нејзино (правилно) препознавање од страна на националните и локалните власти, правните професионалци, младите лица и граѓаните на Република Северна Македонија. Истовремено, проектот има за цел да ја промовира толеранцијата кон припадниците  на ЛГБТКИ заедницата и да ја подигне свеста за многубројните начини и нивоа на кои овие луѓе се маргинализирани и дискриминирани.

Како дел од овие активности, Институтот ги повикува сите лица кои се заинтересирани за подобро разбирање на поимот на дискриминација и нејзина имплементација во полето на заштита од дискриминација, да се пријават на тридневната обука организирана од страна на Институтот за човекови права, која ќе биде реализирана со поддршка од Германската амбасада во Скопје.

Обуката ќе биде спроведена со помош на двајца експерти со етаблирано професионално национално и меѓународно искуство од областа на заштита на човековите права.

СЕЛЕКЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ:

Селекцијата на учесниците ќе се врши на принципот прв дојден, прв услужен.

УЧЕСТВОТО Е ПОТПОЛНО ФИНАНСИРАНО ОД СТРАНА НА ПРОЕКТОТ:

Учеството на обуката е целосно финансирано од страна на Проектот. Избраните учесници ќе бидат дополнително контактирани и известени за сите детали (програмата на обуката, превоз, храна, сместување и сл.).

КОНСУЛТАЦИИ:

Сите заинтересирани кандидати за пријавување на обуката доколку имаат какви било недоразбирања во врска со објавениот повик или им се потребни дополнителни консултации, можат да се обратат на е-маил: ilina.veljanovska@ihr.mk, најдоцна до 15.07.2020 година за да ги добијат потребните информации.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФОРМУЛАРОТ ПОДОЛУ:

project-img