news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА: Неверојатниот пат на пријателот на Самсоненко и Камчев до изборниот бизнис со билборди

Авторка: Сашка Цветковска


Пазарот со билборди е мал, но во него пливаат крупни и чудни риби. Оваа изборна година компаниите со билборди заработија 600,000 евра од партиите, a за нив се плати од државниот буџет. Меѓу старите ѕверки на пазарот како „Скринмедиа“ или „ОК медиа“, во друштвото дојде и една мала компанија во сопственост на пријател на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Ниматула Богавдинов има романски пасош, но е руски државјанин. Ја отворил „Импакт Трејд“ за одгледување на жита, мешункасти растенија и маслодајно семе. Непосредно пред кампањата, откупил удели во компанија со сопствеништво кое води до познатиот бизнисмен Јордан Камчев.

Предвремените парламентарни избори завршија, но потсетник за жестоките кампањски денови уште може да се види во големата бројка на билборди кои сѐ уште не нашле нови кираџии. За партиските трошоци за медиумска кампања и пропаганда се зборува многу. За јавноста особено се атрактивни државните милиони кои одат на сметката на медиумите, проследени со обвинувања за фаворизирање на леви или десни, свои или туѓи медиуми. Но, селективните пораки на комуникација платени со државни пари завршија, а добар дел и останаа запечатени на повеќето од вкупно 531 билборд за кои што државата на шест политички партии им плати речиси 600 илјади евра.

Бизнисот со билбордите секогаш бил привлечен. Дотолку што во минатата деценија одредени компании буквално правеa непријателски преземања на други компании, додека политичките партии итаа да обезбедат своја “фиљан” фирма со цел што подобро позиционирање за време на изборите, кои во последните 10 години се одржуваат буквално секоја година. Да се има атрактивен билборд секогаш било важно. Исто како и за медиумите, изборите се златниот сон на секој сопственик за билборд, особено сега, со измените во клучните закони кои го определуваат начинот на финансирање на изборите, а којшто беше донесен во четири очи во Клубот на пратеници со амин на четирите најголеми политички партии и без јавна дебата. Ако порано некои фирми беа политички уценувани или преку донирани билборди им возвраќаа други услуги на партиите, сега на секој му е загарантирано правото на наплата, оти за сите трошоци плаќа државата, а фактури се доставуваат во ДИК...

Целосните стории се достапни на лниковите подолу:

Истражувачката сторија на македонски е достапна тука.

Истражувачката сторија на албански е достапна тука.

Истражувачката сторија на англиски е достапна тука.