Позитивното право на Република Северна Македонија предвидува повеќе начини за заштита на човековите права утврдени со Уставот како највисок нормативен акт во Републиката како и со останатите закони кои ја тангираат заштитата на човековите права.
Заштита на човековите слободи и права пред Уставниот суд и пред редовните судови
1. Уставот, во член 50 предвидува дека: „Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања. Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита”. Понатаму, член 110 ст.3 предвидува дека Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста надлежен е „да ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност”. Деловникот на Уставниот суд во член 51 наведува дека секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е повредено право или слобода утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземање дејство со кое е сторена повредата, но не подоцна од 5 години од денот на неговото преземање. Во барањето потребно е да се наведат причините поради кои се бара заштита, актите или дејствата со кои тие се повредени, фактите и доказите на кои се заснова барањето, како и други податоци потребни за одлучувањето на Уставниот суд. * заштита на човековите права пред Уставниот суд како и заштита на слободите и правата пред надлежните судови преку гарантирање на судска заштита на законитоста на поединечни акти на државната управа и на другите институции кои вршат јавни овластувања. Заштита на човековите слободи и права пред Народниот правобранител
2. Согласно член 77 од Уставот: „Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител посветува особено внимание за заштита на начелата на недискриминација соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби”. Народниот правобранител презема активности со цел промовирање на човековите слободи и права, кои може да се спроведат преку соодветни истражувања од доменот на човековите слободи и права, кампањи и различни форми за јакнење на свеста и едукацијата кај пошироката јавност, како и заеднички промотивни активности во соработка со граѓанскиот сектор, меѓународните организации и академската јавност. Согласно член 13 од Законот за Народен правобранител, постапката за заштита на уставните и законските права на граѓаните пред народниот правобранител се покренува со поднесување претставка. Секое лице може да поднесе претставка до Народниот правобранител кога ќе оцени дека му се повредени уставните и законските права или кога се повредени начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Народниот правобранител може да покрене постапка и по сопствена иницијатива, доколку оцени дека на граѓаните им се повредени уставните и законските права.
Заштита од дискриминација пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Дискриминација е секое разликување, исклучување, ограничување или давање првенство што се заснова на дискриминаторска основа, со сторување или несторување, што имаат за цел или резултат спречување, ограничување, признавање, уживање или остварување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа со други. Ова ги опфаќа сите форми на дискриминација вклучително и оневозможување на соодветно приспособување и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктурата, добрата и услугите. Законот за спречување и заштита од дискриминација во член 23 предвидува: „лицата кои сметаат дека претрпеле дискриминација можат да поднесат претставка до Комисијата, писмено или усно на записник, без обврска за плаќање такса и друг надоместок”. Лицето кое смета дека е дискриминирано пред Комисијата може да биде застапувано од страна на здружение, фондација или синдикат со претходно дадена согласност. Претставката треба да ги содржи следниве елементи: податоци за подносителот, податоци за лицето против кого се поднесува претставката, околностите и фактите врз кои се темели претставката, податоци за правните дејства што претходно ги вложил подносителот, доколку ги има и потпис на подносителот.
Заштитата на правото на еднаков третман по основ на пол Согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите, заштитата на правото на еднаков третман по основ на пол се остварува со поднесување на претставка до застапник согласно со Законот за еднакви можности на жените и мажите, до Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација и до надлежен суд.
Остварување на правото на пристап до правда и правична судска заштита Законот за бесплатна правна помош им овозможува на физички лица пристап до правда и правична судска заштита. Бесплатната правна помош може да биде дадена како примарна правна помош и секундарна правна помош. Примарна правна помош се дава од страна на овластено службено лице на Министерството за правда, овластено здружение на граѓани и правна клиника и истата опфаќа: