projects-bg

Тековни проекти

Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација

Донатор: Германска амбасада Скопје

Времетраење на проектот: 01.03.2020 - 31.12.2020

Буџет: 41.000 EUR

Општа цел:

Општата цел на проектот е намалување на дискриминацијата и говорот на омраза во училиштата, а истовремено и подигнување на свеста за толеранцијата, прифаќањето и правата на ЛГБТИ заедницата помеѓу општата јавност и младите лица.

Целни групи:

- Студенти и ученици

- Лица и експерти кои работат во доменот на заштита на човековите права

- Лица кои се соочуваат со дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

 

Поединечни цели

Специфична цел 1: Да ја зголемиме заштитата од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет преку образование, како и да ја подигнеме свеста за нејзино постоење преку промовирање толеранција и прифаќање.

Специфична цел 2: Да ја зајакнеме заштитата од дискриминација, пред сè врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, преку воспоставување на конкретна (судска) пракса.

 

Резултати од проектот

Резултат 1. Зајакнување на знаењето во поглед на спречување и заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, како и на негативните последици од говор на омраза.

Резултат 2. Зголемена толеранција и прифаќање помеѓу луѓето

Резултат 3. Објавени извештаи

Резултат 4. Воспоставена минимална судска пракса како основа за понатамошни постапки во оваа област;

Резултат 5.  Утврдени недостатоци и позитивни аспекти во спроведувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Проектни активности:

Активност 1. Организирање на девет обуки во училиштата за млади и лица кои се соочуваат со дискриминација;

Активност 2. Подготовка на две видеа со цел промовирање кампања на социјалните мрежи за основите врз основа на кои се утврдува дискриминација (посебен фокус на дискриминаторските основи: сексуална ориентација и родов идентитет) и промоција на програмата за стратешко застапување;

Активност 3. Организирање на тематски летен камп

Активност 4. Организирање на литигациски тренинг во однос на поведување постапки за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Активност 5. Поведување една постапка за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и судовите од страна на адвокати специјализирани во оваа област и ИЧП;

Активност 6. Изготвување на извештај за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и документ за јавни политики со заклучоци и препораки;

Активност 7. Студиска посета за размена на практики и искуства

Активност 8. Спроведување истражување на база на онлајн прашалник

Активност 9. Мониторинг на работата на комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Активност 10. Организирање на јавен настан за презентација на резултатите од проектот и документот за јавни политики.

Финални корисници:
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Омбудсман, Уставен суд, Граѓанските организации, Општините, Судиите, Јавните обвинители, правните професионалци и општата јавност. Дополнително како финални корисници се и лицата од ЛГБТИ заедницата.

project-img project-img
news-bg

Новости

post-img

ВИДЕО: Што мислат граѓаните за дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет

Повеќе
post-img

ИНФОГРАФИК: Јавно мислење за дискриминација врз основ на сексуална ориентација и родов идентитет

Повеќе
post-img

Онлајн Академија за човекови права

www.ihracademy.org.mk e првата онлајн академија за Е-учење на македонски јазик, која што нуди можност за едукација и доедукација во областа на човековите права.

Повеќе
post-img

АНАЛИЗА НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2020

Повеќе
post-img

Завршна конференција во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација“

Повеќе
post-img

Работилници за студенти за спречување и заштита од дискриминација

Повеќе
post-img
post-img
post-img
post-img

Резултати од истражување -ОЦЕНКА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ И НИВОТО НА ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА СО И РИ КАКО ОСНОВИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Повеќе
post-img
post-img

Летен камп - дискриминација, говор на омраза, сексуална ориентација и родов идентитет

Повеќе
post-img
post-img
post-img

КВИЗ: Препознај ја дискриминацијата

Преку неколку примери треба да определиш дали во дадените ситуации постои дискриминација. Овој квиз е подготвен од Институтот за човекови права во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација“

Повеќе