Проектот „Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област “ е финансиран од Делегацијата на ЕУ во Македонија во рамките на Прекуграничната програма Македонија - Албанија под Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за 2014 и 2015 година, и е спроведуван од страна на Институтот за човекови права(ИЧП), фондација Егалите и Центарот за компаративни и меѓународни студии како партнери, и Центарот за управување со промени (ЦУП) како носител на проектот.
Проектот во целина се однесува на потенцијалните и постоечките жени претприемачи и ќе обезбеди неопходна поддршка за да ги зајакнат нивните деловни вештини и ќе обезбеди дополнителна техничка поддршка и помош на жените за да можат да ги развиваат и прошират микро и малите бизниси во прекуграничниот регион меѓу Полог на македонска и Елбасан на албанска страна. Ќе се подготват соодветни планови со цел да се изградат капацитетите на жените претприемачи околу три блока на поддршка:
1. Градење на вештини и способности на потенцијалните претприемачи за започнување сопствен бизнис.
2. Подобрување на производството и приходот за постојните микро-претпријатија и организирање на поддршка за градење на капацитетите на фирмите поврзани со производство на нови производи, подобрување на продажбата и трговијата, вмрежување и B2B средби.
3. Ревидирање на политиките за развој на микро-претпријатија и поддршка на женско претприемништво.
Период 01.04.2018 - 30.09.2020
Донатор: Делегација на Европската унија во Република Македонија
Краен корисник на проектот: Потенцијални и постоечки жени-претприемачи во регионот на Полог и Елбасан.
Главна цел:
Проектот ќе ја зголеми конкурентноста на жените и ќе го зајакне женското претприемништво во регионот на Полог и Елбасан и ќе обезбеди одржливи решенија за развој на микро и малите бизниси на жените во прекуграничната област.
Под покровителство на оваа општа цел постојат четири специфични цели:
Цел 1: Да се зголемат личните претприемачки вештини и деловните компетенции на жените вклучени во формални или неформални бизниси.
Цел 2: Да се обезбедат услуги за правна поддршка во деловното работење.
Цел 3: Да се подобри производството, пристапот до пазарни можности и можности за развој на бизнисот и да се зголеми прекуграничната соработка.
Цел 4: Да се подобрат / ревидираат владините мерки и политики за локална и национална поддршка на женското претприемништво.
Очекувани резултати:
Врз основа на предложените цели и активности предвидени со проектот, се очекуваат пет главни резултати:
Резултат 1: Подобрени вештини и компетенции во управувањето со бизнисот, намалување на ризикот во работењето и зајакнати претприемачки ставови и деловни вредности.
Резултат 2. Воспоставени советодавни услуги за жени претприемачи со цел да се зголемат економските активности и развојот на бизнисот.
Резултат 3. Дисеминирани услуги за правна и економска поддршка и обезбедени информации за правата и обврските на претприемачи, како и индивидуални совети за различни правни и економски прашања.
Резултат 4: Зголемена економска активност во производството, трговијата и продажбата на локални производи како резултат на зголемен број на производи, подобрување на дизајнот на производи, пакување, прекугранична соработка и / или онлајн продавница и маркетинг.
Резултат 5: Подготвени нови предлог политики и мерки за заедничка активност на локалните и националните власти за да ги искористат предностите на жените во бизнисот.
Повеќе за ИПА Компонента 2 – Компонента за прекугранична соработка – СВС тука.