projects-bg

Реализирани проекти

„Во насока на ефективна заштита на правото на слобода на изразување и слобода на медиуми во Република Македонија – идни предизвици“

3 мај 2012 - 3 април 2013

Проектот “Во насока на ефективна заштита на правото на слобода на изразување и слобода на медиуми во Република Македонија – идни предизвици” беше продолжение на претходниот проект на ИЧП: “Преглед на правните лекови во РМ низ призмата на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните” кој исто така беше поддржан од Амбасадата на САД. Во претходниот проект ИЧП преку процес на отворени консултации помеѓу правните практичари и професионалните здруженија од различни делови од земјата, имаше за цел идентификација и анализа на недостатоците во ефикасноста на домашните правни лекови кои што се однесуваат на реализацијата и заштитата на правото на слобода на изразување и мирно собирање. Согласно заклучоците на анализата која што беше објавена како резултат на овој проект, правните лекови кои што постојат во уставната, управната, граѓанската и кривичната постапка за заштита на правото на слобода на изразување не се применуваат успешно во пракса и е неопходно да се преземат предложените мерки за да се надминат проблемите презентирани во анализата и да се обезбеди соодветна реализација и заштита на овие права.

Проектот Во насока на ефективна заштита на правото на слобода на изразување и слобода на медиуми во Република Македонија – идни предизвици се фокусираше на отстранување на актуелните проблеми кои што се однесуваа на ефективна заштита на правото на слобода на изразување и слобода на медиуми во Република Македонија и зголемување на разбирањето за меѓународните стандарди за слободата на изразување и медиуми помеѓу широк спектар на професионалци судии, адвокати, новинари, како и претставници на владата, локалната и меѓународната јавност, невладиниот сектор и слично.

Активности

Во рамките на проектот беше организиран дводневен тренинг за праксата на Европскиот суд за човекови права во однос на слободата на изразување и медиуми, а беше наменет за правните практичари, адвокати и новинари. Овој тренинг имаше за цел да се запознаат учесниците со праксата на ЕСЧП која се однесува на слободата на изразување и медиуми.

Проектот бешe финансиран од страна на Амбасадата на САД во СкопјеВкупен буџет на проектот: 23.200 $

news-bg

Новости