projects-bg

Тековни проекти

Контроверзни прашања во училишната програма - развивање ефективни практики и пристапи во наставата и учењето

Донатор на проектот:  Европска Унија и Совет на Европа / Демократска и Инклузивна Култура во Операција во Училиштата (DISCO)

Времетраење на проектот: март – ноември 2021

Буџет: 23.550,00€

Општа цел 

Да се развијат професионалните компетенции на наставниците за успешно совладување на спорни прашања на ниво на училиштето и промоција на демократски компетенции.

Специфични цели:

- Подигање на свеста за важноста на обезбедувањето можности на учениците да учат како да се справуваат и да ги решаваат контроверзните прашања;

- Оспособување на наставниците да применуваат истражувачки и активни пристапи на учење  и ефективно поставување на прашања за справување со контроверзни прашања;

- Развивање на компетенциите на учениците за демократска култура, вклучувајќи вредности, ставови, вештини и знаења и критичко разбирање;

- Промовирање „пристап на целото училиште“ со вклученост на сите наставници во давање придонес да гo интегрираат учењето на контроверзните прашања и аспектите на демократската култура во нивната практика

Активности

1. Подготвителни активности;

2. Спроведување на координативни состаноци со училишните тимови од избраните училишта со фокус на размена на искуства со цел да се постигнат целите на проектот, дискутирање на заеднички проблеми во спроведувањето на предложените активности и идентификување на можните стратегии за решавање на проблемите за кои се потребни дополнителни активности;

3. Спроведување работилници со членовите на училишни тимови/обучувачи со цел развивање на нивните капацитети и компетенции за користење на наставни приоди/методологија каде што учениците се во центарот на учење и истражувачки пристапи за настава и учење за справување со контроверзни прашања и развој на компетенциите на учениците за демократска култура;

4. Спроведување на училишни обуки водени од членови на училишни тимови од избраните училишта поддржани од фасилитаторите на проектот со цел споделување на успешните практики на сите наставници на ниво на училиште; 

5. Активностите за следење / менторството ќе се организираат на ниво на училиште на континуирана основа за време на спроведувањето на проектот со цел да се поддржат и менторираат членовите на училишните тимови за успешно спроведување на пристапите на настава и учење за контроверзни прашања и развој на компетенции на учениците за демократска култура;

6. Креирање на индикатори за самоевалуација како дел од стратегијата за постигнување на квалитет на очекуваните резултати од проектот што ќе се искористи за да им се овозможи на наставниците систематски да го рефлектираат нивниот статус и напредок во развојот на знаењето, разбирањето и планирањето на нивните aктивности и активности со учениците за примена на пристапи за справување со контроверзни прашања;

7. Развивање на Прирачник за наставници со добри практики за настава и учење на контроверзни прашања за зголемување на видливоста и јавната свест; 

8. Креирање на онлајн курс за наставници за настава и учење на контроверзни прашања што ќе биде објавен на Академијата на Институтот за човекови права; 

9. Организирање завршен настан пред креаторите на образовните политики и пошироката јавност ќе се презентираат успешните практики за настава и учење на контроверзни прашања и промовирање на новите пристапи.


Резултати

- Спроведени училишни обуки водени од членови на училишни тимов и активности за следење / менторството

- Развиен на Прирачник за наставници со добри практики за настава и учење на контроверзни прашања

Целни групи

Наставници и училишта

project-img project-img
news-bg

Новости