Македонски Shqip English

За нас

Институтот за човекови права е основан на 01.06.2009 година. Свечено беше отворен и претставен на јавноста на 21.10.2009 година, на чие отворање присуствуваа видни личности од јавната сфера во државата, како и амбасадори и претставници на странските организации и мисии во Република Македонија.

Мисија

Обезбедување, промовирање, унапредување и заштита на човековите права и слободи преку истражување, анализа, едукација и други начини на дејствување.

Визија

Институтот за човекови права - кредибилен и препознатлив чинител во дејстување во насока на целосно обезбедување, промовирање, унапредување и заштита на човековите права и слободи.

Уникатност

Симбиоза на знаење и искуство во областа на човековите права и слободи и ентузијазам во спроведување на визијата и мисијата.

Вредности

  • Еднаквост
  • Толерантност
  • Транспарентност и отчетност
  • Инклузивност
  • Професионалност
  • Демократски дијалог и управување

Стратешки приоритети и цели

Правосудство и човекови права

Зајакнување на довербата во правосудството

Правна сигурност

Зајакнување на правната сигурност

Намалување на повредите на човековите права и слободи од Европската конвенција за човекови права

Унапредување на заштитата на човековите права и слободи од Европската конвенција за човекови права

Слобода на изразување и здружување

Унапредување на слободата на изразување и здружување

Еднаквост и недискриминација

Еднаков третман за граѓаните на РМ - унапредување на еднаквоста, спречување и заштита од дискриминација

Уставниот суд гарант за заштитата на човековите права

Зајакната заштита на човековите права пред Уставниот суд на РМ

Борба против корупција

Придонес кон намалување на корупцијата во јавниот сектор

Право на здрава животна средина

Унапредување на правото на здрава животна средина

Институционален и организациски развој на Институтот за човекови права

Зајакнување на капацитетите, инвестиција и развој на човечкиот потенцијал на Институтот за човекови права

Организациска структура

Собрание на Институт за човекови права

Собранието е највисок орган на Институтот за човекови права и го сочинуваат сите членови.

Претседател на Институт за човекови права

Маргарита Цаца Николовска

Член (Судија на Уставниот суд во Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права)

Управен одбор

Маргарита Цаца Николовска

Член (Судија на Уставниот суд во Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права)

Агим Мифтари

Член (Судија во Врховен суд на Р.Македонија во пензија)

Вера Коцо

Член (Судија на Врховниот суд на РМ во пензија)

Вања Михајлова

Член (Поранешен член на Државна комисија за спречување на корупција)

Татијана Темелкоска

Член ( Национален офицер за владеење на правото Мисија на ОБСЕ во Скопје и поранешен извршен директор на Академијата за судии и јавни обвинители)

Филип Медарски

Член (адвокат)

Славица Димитриевска

Член (државен советник кај Народнот правобранител на РМ)

Маргарита Цаца Николовска

Родена 28 Ноември 1950 година.

Дипломирала на Правниот Факултет во Скопје 1975 година, а последователно работела како приправник во Регионалниот суд во Скопје.

Именувана за судија во Окружниот суд во Скопје во 1978 година. Судија во Регионалниот суд во Скопје од 1987, работејќи претежно на граѓански случаи (подоцна преименуван во Апелационен суд).

Судија во Врховен суд на Република Македонија од 1997 до 1998 (работи на управни случаи, но и на граѓански и кривични случаи).

Избрана за судија во Европскиот суд за човекови права, Стразбур, Франција од страна на Собранието на Република Македонија за периодот од 1998-2001 година. Реизбрана за судија во истиот суд за период од шест години.

Член во професионални здруженија

Член на основачкиот одбор за основање на Македонското Здружение на судии

Член на Македонското Здружение на судии од 1993

Член на Управниот одбор на Македонското Здружение на судии од 1993

Претседател на комитетот за меѓународни односи на Македонското Здружение на судии

Тренер и предавач на многу национални и меѓунарони семинари и работилници

Претставник на Македонското Здружение на судии во Европското и Меѓународното Здружение на судии (1995-2006)

Претседател на Комисијата за парламентарни избори 1994

Активен член на Македонскиот комитет за Меѓународна заштита на децата до 1998

Јазици- Англиски, Француски, Српски, Хрватски, Бугарски, Грчки и Руски

Почести Избрана за жена на годината од Американскиот биографски институт од Ралеи, САД

Агим Мифтари

Роден на 25.10.1944 година во село Видуше-гостиварско.
Во 1971 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје.

Правосудниот испит го положил во 1974 година, кога е избран за судија во Општинскиот суд Скопје I Скопје, каде работел како судија во кривичниот оддел.
Во 1982 година е избран за судија во Окружниот суд во Скопје.
Од 1987 до 1992 година бил заменик на Претседателот на Окружниот суд во Скопје. Во периодот од 1992 до 1995 година ја вршел должноста на Претседател на Окружниот суд во Скопје. Во судот работел исклучиво на предмети од кривичната материја.
Во 1995 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, во кривичниот оддел.

Еден од иницијаторите за формирање на Здружението на судиите на Република Македонија. Член е на Управниот одбор на Здружението од неговото формирање во 1993 година.
Во периодот од 1993 до 1998 година бил потпретседател на Здружението на судиите. Во 1998 година е избран за претседател на Здружението, а во 2002 година е реизбран на истата функција. Член е на Одборот на Центарот за континуирана едукација при Здружението на судиите. Едукатор е во реализацијата на програмите за едукација на Здружението на судиите и Центарот за континуирана едукација, како и предавач од областа на кривичното право на повеќе одржани семинари.
Има објавено повеќе написи во “Судиска ревија” од кривичната област.
Бил член во повеќе состави на комисиите кои работеле на изготвување на новите текстови на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка.

Избран е за судија во постојаниот Арбитражен суд во Хаг-Холандија, како претставник на Република Македонија од 2002 година
Во 1984 година е одликуван со Орден на трудот со сребрен венец.

Вера Коцо

Родена: 1943 година

Образование: дипломиран правник, со диплома од Правниот факултет при Универзитето „Кирил и Методиј’ во Скопје – правосуднa насока

Судиска кариера: Судија во Основниот суд Скопје II Скопје – сега Основен суд Скопје II Скопје од 1978 година (граѓанскиот оддел)

Судија во Апелациониот суд Скопје од 1988 година (граѓанскиот оддел)

Судија во Врховниот суд на Република Македонија од 2002 година

(граѓански и управен оддел)

Во пензија од месец ноември 2007 година

Професионални ангажмани:

Член на Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРМ)

Член на Управниот одбор на ЗСРМ

Претседател на Одборот на Центарот за континуирана едукација при ЗСРМ

После пензионирање едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија

Јазици: македонски- мајчин, српски, хрватски, како и познавање на англискиот јазик

Работа со комјутер: Microsoft Office, Internet Explorer

Вања Михајлова

Завршен Правен Факултет при Универзитетот во Скопје, положен правосуден испит во 1989 година.
Во 1993 година, ја заврши Академијата за американско и меѓународно право при Методистичкиот Универзитет во Далас – Тексас – САД. Во 1995 година, именована од страна на Владата за помошник министер и раководител на секторот за меѓународни финансии. дговорна за соработка и водење на преговори во име на Владата со меѓународните финансиски институции како што се: Светска банка, ММФ, ЕБОР, ЕИБ, Банката за развој при Советот на Европа и други, како и со билатералните кредитори.

Македонски претставник во Административниот совет на Банката за развој при Советот на Европа во Париз ( од 1997-2000 );

Шеф на македонската делегација при Комитетот за експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари при Советот на Европа и член на експертскиот тим на Советот на Европа ( од 1997-2000 ). Во 2002 година, именована од страна на Собранието на РМ за член на Комисијата за спречување на корупција(до 2007 );

Од 2007 година, работи како правен советник за прашањата од добро владеење и корупција.

Објавени публикации во бројни домашни и меѓународни списанија, меѓу кои и во: European Financial Service Law,” ”Journal of Money Laundering Control”; IDLI”- Институт за меѓународно право во Рим, “Contemporary International Law Issues” при Меѓународниот правен институт во Хаг и други.

Жарко Хаџи-Зафиров

Советодавен одбор

Маргарита Цаца Николовска

Член (Судија на Уставниот суд во Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права)

Афим Мифтари

Член (Судија во Врховен суд на Р.Македонија во пензија)

Вера Коцо

Член (Судија на Врховниот суд на РМ во пензија)

Вања Михајлова

Член (Поранешен член на Државна комисија за спречување на корупција)

Мерсел Биљали

Член (Универзитетски професор )

Милојка Калкашлиева

Член (Судија на Врховен суд на Р. Македонија во пензија)

Коста Петровски

Член (Јавен обвинител во пензија)

Константин Хаџи Лега

Член (Судија на Врховен суд на Р. Македонија во пензија)

Ирена Цуцулоска

Член (Помлад соработник во Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП)

Саше Димовски

Член ( Новинар)
Македонско здружение на млади правници

Жарко Хаџи Зафиров

Член (Адвокат)

Маргарита Цаца Николовска

Родена 28 Ноември 1950 година.

Дипломирала на Правниот Факултет во Скопје 1975 година, а последователно работела како приправник во Регионалниот суд во Скопје.

Именувана за судија во Окружниот суд во Скопје во 1978 година. Судија во Регионалниот суд во Скопје од 1987, работејќи претежно на граѓански случаи (подоцна преименуван во Апелационен суд).

Судија во Врховен суд на Република Македонија од 1997 до 1998 (работи на управни случаи, но и на граѓански и кривични случаи).

Избрана за судија во Европскиот суд за човекови права, Стразбур, Франција од страна на Собранието на Република Македонија за периодот од 1998-2001 година. Реизбрана за судија во истиот суд за период од шест години.

Член во професионални здруженија

Член на основачкиот одбор за основање на Македонското Здружение на судии

Член на Македонското Здружение на судии од 1993

Член на Управниот одбор на Македонското Здружение на судии од 1993

Претседател на комитетот за меѓународни односи на Македонското Здружение на судии

Тренер и предавач на многу национални и меѓунарони семинари и работилници

Претставник на Македонското Здружение на судии во Европското и Меѓународното Здружение на судии (1995-2006)

Претседател на Комисијата за парламентарни избори 1994

Активен член на Македонскиот комитет за Меѓународна заштита на децата до 1998

Јазици- Англиски, Француски, Српски, Хрватски, Бугарски, Грчки и Руски

Почести Избрана за жена на годината од Американскиот биографски институт од Ралеи, САД

Агим Мифтари

Роден на 25.10.1944 година во село Видуше-гостиварско.
Во 1971 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје.

Правосудниот испит го положил во 1974 година, кога е избран за судија во Општинскиот суд Скопје I Скопје, каде работел како судија во кривичниот оддел.
Во 1982 година е избран за судија во Окружниот суд во Скопје.
Од 1987 до 1992 година бил заменик на Претседателот на Окружниот суд во Скопје. Во периодот од 1992 до 1995 година ја вршел должноста на Претседател на Окружниот суд во Скопје. Во судот работел исклучиво на предмети од кривичната материја.
Во 1995 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, во кривичниот оддел.

Еден од иницијаторите за формирање на Здружението на судиите на Република Македонија. Член е на Управниот одбор на Здружението од неговото формирање во 1993 година.
Во периодот од 1993 до 1998 година бил потпретседател на Здружението на судиите. Во 1998 година е избран за претседател на Здружението, а во 2002 година е реизбран на истата функција. Член е на Одборот на Центарот за континуирана едукација при Здружението на судиите. Едукатор е во реализацијата на програмите за едукација на Здружението на судиите и Центарот за континуирана едукација, како и предавач од областа на кривичното право на повеќе одржани семинари.
Има објавено повеќе написи во “Судиска ревија” од кривичната област.
Бил член во повеќе состави на комисиите кои работеле на изготвување на новите текстови на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка.

Избран е за судија во постојаниот Арбитражен суд во Хаг-Холандија, како претставник на Република Македонија од 2002 година
Во 1984 година е одликуван со Орден на трудот со сребрен венец.

Вера Коцо

Родена: 1943 година

Образование: дипломиран правник, со диплома од Правниот факултет при Универзитето „Кирил и Методиј’ во Скопје – правосуднa насока

Судиска кариера: Судија во Основниот суд Скопје II Скопје – сега Основен суд Скопје II Скопје од 1978 година (граѓанскиот оддел)

Судија во Апелациониот суд Скопје од 1988 година (граѓанскиот оддел)

Судија во Врховниот суд на Република Македонија од 2002 година

(граѓански и управен оддел)

Во пензија од месец ноември 2007 година

Професионални ангажмани:

Член на Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРМ)

Член на Управниот одбор на ЗСРМ

Претседател на Одборот на Центарот за континуирана едукација при ЗСРМ

После пензионирање едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија

Јазици: македонски- мајчин, српски, хрватски, како и познавање на англискиот јазик

Работа со комјутер: Microsoft Office, Internet Explorer

Вања Михајлова

Завршен Правен Факултет при Универзитетот во Скопје, положен правосуден испит во 1989 година.
Во 1993 година, ја заврши Академијата за американско и меѓународно право при Методистичкиот Универзитет во Далас – Тексас – САД. Во 1995 година, именована од страна на Владата за помошник министер и раководител на секторот за меѓународни финансии. дговорна за соработка и водење на преговори во име на Владата со меѓународните финансиски институции како што се: Светска банка, ММФ, ЕБОР, ЕИБ, Банката за развој при Советот на Европа и други, како и со билатералните кредитори.

Македонски претставник во Административниот совет на Банката за развој при Советот на Европа во Париз ( од 1997-2000 );

Шеф на македонската делегација при Комитетот за експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари при Советот на Европа и член на експертскиот тим на Советот на Европа ( од 1997-2000 ). Во 2002 година, именована од страна на Собранието на РМ за член на Комисијата за спречување на корупција(до 2007 );

Од 2007 година, работи како правен советник за прашањата од добро владеење и корупција.

Објавени публикации во бројни домашни и меѓународни списанија, меѓу кои и во: European Financial Service Law,” ”Journal of Money Laundering Control”; IDLI”- Институт за меѓународно право во Рим, “Contemporary International Law Issues” при Меѓународниот правен институт во Хаг и други.

Махмут Јусуфи

1973 година дипломирал на Правниот факултет во Приштина, додека правосуден испит положил во 1976 година.

Во 1979 година е назначен за секретар на Редакцијата на дневниот весник на албански јазик „Фљака“, во НИП „Нова Македонија“, а потоа е именуван за директор на информативен центар. Од 1982 адвокат и отвора самостојна адвокатска канцеларија во Тетово.

Во 2000 година е избран за член на Републичкиот судски совет, каде што останува сe до 2003 година.

За судија на Уставниот суд е избран во јануари 2004 година.
Член на Претседателството на Адвокатската комора на Македонија, член на Одборот на Хелсиншкиот комитет на Македонија и како соработник на Амнести интернешенел. Член на Правниот совет на Владата.
Како член на Одборот за континуирана едукација при Здружението на судиите на Македонија учествувал во организирање семинари за афирмација на судството. Има објавено повеќе стручни трудови од областа на судството.

Извршна канцеларија

Мирослав Драганов
Извршен директор
e-mail: miroslav.draganov@ihr.org.mk
Кратка биографија

Мирослав Драганов завршил средно правно образование во „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје како првенец на генерација. Дипломирал на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а магистрирал уставно право. Правосуден испит положил во 2013 година.

Еден од неговите главни интереси е ораторството, при што освоил повеќе награди во земјава, но и една победа на натпревар од меѓународен карактер, а бил и претседател на Клубот на оратори. Има работно искуство и како демонстратор на Правен факултет, соработник за инвестициски фондови, приправник и стручен соработник во адвокатско друштво и правник во банка.

Полиња на интерес за истражување му се: судство, слобода на изразување и пристап до информации, недискриминација, како и локална самоуправа.

Од 2014 година е дел од Институтот за човекови права, најпрво како правен истражувач, а потоа е избран за прв Извршен Директор на ИЧП.

Јелена Кадриќ
Проектен координатор и финансиски менаџер
e-mail: jelena.kadric@ihr.org.mk
Кратка биографија

Јелена Кадриќ е дипломиран правник со положен правосуден испит. Таа е со најдолго работно искуство во Институтот за човекови права.

Нејзините главни задолженија се спроведување на програмата на ИЧП, спроведување на одлуките на Управниот одбор, го води финансиското работење на Институтот и сл.

Нејзиното претходно работно искуство се состои од: раководител – координатор на стручно програмски работи во Здружението на судии на РМ и раководител на одделението за управување со човечки ресурси во Академијата за обукa на судии и јавни обвинители на Република Македонија.

Кадриќ се одликува со големи организаторски особини и комуникациски способности.

Маја Стојаноска
Проектен координатор и правен истражувач
e-mail: maja.stojanoska@ihr.org.mk
Кратка биографија

Маја Стојаноска дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2009 година, а во 2012 станала магистер по меѓународно право и меѓународни односи на истиот факултет. Била дел од Швајцарската програма за мобилност на Циришкиот Универзитет и во моментов ја подготвува магистерската теза на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана.

Таа е долгогодишен граѓански активист и правен истражувач, и од 2012 година е дел од Институтот за човекови права. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат палета од теми од областа на човековите права и слободи, владеењето на правото во Македонија и правото на Европска унија.

Има искуство во реализација на голем број на проекти, истражувања и анализи и е автор, ко-автор и уредник на неколку публикации.

Џенифер Џеладин
Проектен координатор и истражувач
e-mail: dzenifer.dzeladin@ihr.org.mk
Кратка биографија

Џенифер Џеладин е дипломиран криминолог на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Работела како консултант во проектот „Добри практики на Ромите од Западен Балкан“ во мисијата на ОБСЕ во Скопје, а претходно се здобила со едногодишна пракса во Министерството за внатрешни работи.

Џенифер Џеладин од 2012 година е дел од Инситутот за човекови права. Била координатор на повеќе проекти, а од нејзините истражувања произлегле публикациите: „Измени за правен систем без дискриминација“, „Истражување за успешноста на Декадата на Ромите во високото образование 2004-2014“, „Сегрегацијата на учениците Роми во основното образование“, а била уредник на „Правото на образование на децата Роми со посебен фокус на девојчињата Ромки“.

Како дел од Институтот за човекови права работи на активности поврзани со ромските права, образованието и дискриминацијата на ромското население.

Кристина Дода
Проектен координатор и правен истражувач
e-mail: kristina.doda@ihr.org.mk
Кратка биографија

Кристина Дода е програмски координатор и истражувач во Институтот за човекови права.

Магистрирала човекови права и демократија на Универзитетот во Сараево и Универзитетот во Болоња. Магистрирала меѓународно право и меѓународни односи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во кој период реализирала студиска размена на Правниот факултет во Загреб, Хрватска. Има завршено Дипломатска академија во Будимпешта, тренинг програма за европски студии и истражување. Во текот на нејзините студии учествувала на повеќе меѓународни студиски посети и семинари и учествувала во регионални иницијативи за човекови права.

Нејзин главен интерес се човековите права, со акцент на правата на маргинализираните и ранливите групи, женски права, владеење на правото и независност на судство.

Антонио Павловски
Проектен асистент
e-mail: antonio.pavlovski@ihr.org.mk
Кратка биографија

Антонио Павловски е еден од најмладите членови на извршната канцеларија на Институт за човекови права. Главно тој е задолжен за односи со јавност, а негови области на интерес се правото на здрава животна средина и одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Павловски завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а сега ги завршува магистерските студии по меѓународно право и меѓународни односи.

Учесник е на многу обуки и школи од областа на политиката и човековите права. Ја завршил Политичката академија за социјална демократија на Фондацијата Фридрих Еберт со cum laude, Форумот за јавни политики, учествувал на Летниот универзитет во Приштина и др.

Покрај правото, го интересираат и уметноста, литературата, архитектурата и историјата.

Вафире Мухареми
Проектен асистент
e-mail: vafire.muharemi@ihr.org.mk
Кратка биографија

Вафире Мухареми дипломирала на Правниот факултет „ Јустинијан Први“ во Скопје. Во моментов е магистрант на програмата Меѓународно право и меѓународни односи и право на ЕУ на истиот факултет.

Од октомври 2016 година е дел од Институтот за човекови права започнувајќи како практикант, а продолжувајќи како асистент на проектот „Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права“.

Нејзини сфери на интерес се правните односи меѓу државите, правата на бегалците и родовата еднаквост.