Македонски Shqip English

Публикации

Сегрегација на ученици Роми во основното образование во Република Македонија

Институтот за човекови права, во периодот од јуни до октомври 2016 година, спроведе истражување за состојбата на учениците Роми во основното образование во пет општини на територијата на државава и тоа општините Битола, Куманово, Штип и две општини на територија на град Скопје – општините Ѓорче Петров и Гази Баба. 

Цел на ова истражување е да ја анализира состојбата на учениците Роми, првично во овие пет општини, да утврди дали постои сегрегација на ромските ученици во основните училишта преку бројот на ученици Роми во едно училиште, составот на паралелките во училиштата каде се распоредуваат учениците Роми дали при уписите во прво одделение се почитува одлуката за реонизација и слично.  

КАКО ДО ПОДОБРА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА која ќе ги заштити граѓанските организации од арбитрарни инспекции и контроли во областа на даночното работење?

 

 Овој документ содржи препораки за подобрување на законите кои го уредуваат персоналниот данок на доход, надворешната (даночна) контрола и овластувањата на органите на прогон при спроведување на предистражни дејствија1. Документот се заснова на детална правна анализа на спроведените инспекции и контроли над 21 граѓанска организација во периодот од декември 2016 до мај 2017 година. Препораките произлегуваат од идентификуваните проблеми со кои се соочија граѓанските организаици, а се последица на одредени непрецизни законски одредби. Препораките се насочени пред сѐ кон појаснување и прецизирање на постојните законски одредби и јасно дефинирање на правата и должностите на граѓанските организации2 во случаи кога се предмет на инспекции и предистражни постапки од страна на надлежните органи и особено прецизно уредување на овластувањата на овластените лица кои ги вршат контролите односно предистражните дејствија.

Остварување на правото на слобода на изразување-теорија и практика

 

Правото на слобода на изразување претставува една од најсуштинските осно- ви на едно демократско општество и еден од условите за неговиот напредок. Во демократските системи секој поединец има право да го изразува своето мислење, да комуницира, да прима и да пренесува информации и идеи, а ваквото право треба да биде функционално. Ова право не го вклучува само индивидуал- ното право на слобода на изразување преку кое се врши одредено изразување на ставови и мислења, како што е погоре наведено, туку и остварувањето на истите од страна на медиумите. Сепак, значајно е да се напомене дека правото на слобода на изразување е моќна алатка која може да биде злоупотребена и искористена да се поттикне насилство, да се шири омраза и да се наштети индивидуалната приватност и безбедност.

ОСНОВНА АНАЛИЗА НА РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Анализава на работењето на Судскиот совет на Република Македонија е под- готвена во рамки на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права, со поддршка од Бри- танската амбасада во Скопје. Анализава дава преглед на актуелната состојба во однос на работењето на Судскиот совет на РМ (во натамошниот текст ССРМ). Правото на граѓанинот да му суди независен и непристрасен судија прет- ставува основен постулат на судската власт. Независноста и непристрасноста се вредности на судската власт гарантирани со Уставот на РМ, со законите во РМ и со меѓународните документи ратификувани од РМ....

ANALIZA THEMELORE E PUNËS SË KËSHILLIT GJYQËSOR TË REPUBLIKËS SË MAQEDONISË

BASELINE ANALYSIS OF THE FUNCTIONING OF THE JUDICIAL COUNCIL OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA

ИЗМЕНИ ЗА ПРАВЕН СИСТЕМ БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Овој документ за јавни политики е продуциран во рамките на проектот: „Граѓани во Собрание: Законодавни иницијативи за човекови права“, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Фондацијата за демократија Вестминстер. Преку проектот се поддржани 11 иницијативи за промени на закони што се однесуваат на човековите права во повеќе области: образование, здравствена заштита, социјална заштита, медиуми, судство, дискриминација итн. Иницијативите се реализираат од страна на 12 организации што се директно вклучени во процесот на донесување закони преку: (1) Едукација за истражувања и документи за јавни политики; (2) Јакнење на соработката меѓу медиумите и граѓанскиот сектор; и (3) Интензивирање на соработката со собранието и граѓанските организации...

Прирачник за истражувачко новинарство и пристап до информации

Истражувачкото новинарство во современите демократии е од клучно значење за остварувањето на улогата на медиумите, а воедно е и чувар на јавноста и заштитник на човековите права. Најважната задача на новинарите во демо- кратските општества е да ги заштитуваат интересите на граѓаните. За да ја остварат оваа задача новинарите откриваат злоупотреби на власта и на моќта на поединци и институции и на тој начин придонесуваат за одговорно и отчетно владеење, про- мовирајќи го јавниот интерес...

ПРИРАЧНИК за СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ПРАВНИ АСПЕКТИ

Прирачников што е пред вас претставува средство кое треба да им послужи
на читателите, поточно на студентите по новинарство, на невладините орга-
низации, како и на професионалните новинари, кои, со негова помош имаат
можност да се запознаат со правните стандарди на слободата на изразување. До-
полнително, прирачников треба да биде употребуван како алатка во рамки на обу-
ките на студентите по новинарство и на младите новинари во нашата земја...

ИСТРАЖУВАЊЕ НА УСПЕШНОСТА НА ДЕКАДАТА НА РОМИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2004 - 2014 ГОДИНА

Институтот за човекови права (ИЧП), во соработка со Централниот европски универзитет (ЦЕУ) од Будимпешта, го имплементише проектот „Roma Placement Program“, од мај до декември 2015 г. кој има за цел ангажирање дипломирани Роми во невладини неромски организаци во период од една година. Проектот беше спроведен во Македонија и во Србија, а беше финасиран од National Endowment for Democracy. Во рамки на проектот, Институтот за човекови права, од септември 2015 до март 2016 година, спроведе истражување со цел да се дојде до вкупниот број запишани и дипломирани Роми на државните и на приватните факултети во Република Македонија во периодот од 2004 до 2014 година. Потребата за ова истражување произлезе од недостатокот на податоци и извештаи во врска со Декадата на Ромите во високото образование, за периодот 2005-2015 година, поточно, недостасуваа истражувања конкретно за запишани и за дипломирани Роми во високото образование...

ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО ПРОЦЕСОТ НА ЛУСТРАЦИЈА

Лустрацијата, во однос на целта што треба да ја постигне, треба да биде дел од транзиционата правда која ќе овозможи полесен преод од поранешниот режим кон градење плурална демократија заснована врз принципот на владеење на правото и почитување на човековите права. Од историски аспект, лустрацијата претставува инструмент на морална деквалификација кој пред сè зависи од про- цесот на транзиција, но и од суровоста на минатиот режим. И покрај тоа што во литературата не можат да се сретнат објаснувања за различната имплементација на процесот на лустрација и за нејзината честа злоупотреба за политички цели, сепак, во сите дефиниции се напоменува дека лустрацијата, како процес, може да биде единствено ефикасна ако се спроведе веднаш по смената на поранешниот систем, а нејзиното правилно спроведување најмногу ќе зависи од реакцијата на јавноста за потребата од лустрација. Битно е јавноста да чуствува потреба за спро- ведување лустрација уште во почетокот на демократските промени. Лустрацијата се дефинира и како административна мерка која се состои од проверка на лицата кои биле вклучени на високи позиции во комунистичкиот режим и кои се наоѓаат на јавни функции во новонастанатата демократија...

ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА РОМИ СО ПОСЕБЕН ФОКУС НА ДЕВОЈЧИЊАТА РОМКИ

Извештаите и истражувањата на повеќето меѓународни и домашни организации и институции во земјава покажуваат дека постои непропорционалност во нивото на образование и на писменост помеѓу ромската заедница и останатата популација. Јазот во писменостa кај возрасните Роми и кај оние што не се Роми е на високо ниво. Овој јаз е уште поголем кај ромските и кај неромските жени. Според индексот за ромската вклученост, спроведен преку истражување на неколку меѓународни организации, разликата помеѓу ромските и неромските деца во Република Македонија(Р.М.) кои запишуваат основно образование е 23%, додека кај девојчињата оваа разлика изнесува 32%. Разликата во продолжувањето на средното образование помеѓу ромските и неромски ученици општо, изнесува 43%, додека разликата помеѓу ромските и неромските девојчиња е дури 53%. Најголем број рани бракови има меѓу ромските деца, особено кај девојчињата кои најчесто рано го напуштаат средното, па дури и основното училиште.

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

- СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Остварување на правото на правично судење преку независно, непристрасно и стручно судство е основа на владеењето на правото во секоја модерна демократска држава. Од секоја држава која тежнее кон тоа, оправдано се очекува да стори сè за обезбедување на она што го препорачуваат меѓународните инструменти. Државата треба да го организира својот политички и правен систем на таков начин што независноста и непристрасноста во судството ќе ја поттикнува и ќе овозможи таа доверба да се реализира...

Анализа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постапката пред органите и комисијата, употреба на правните лекови и судска заштита преку постапките иницирани од новинари

Со законот за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер кој започна да се применува од 1 септември 2006 година се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес, утврдени со закон. Со овој закон се обезбедува јавност и отвореност во работењето на имателите на информации...

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

Правото на култура е човеково право утврдено во меѓународното право и во до- машното право во Република Македонија. Како и за другите права, така и за ова, стожерен принцип што се применува е принципот на еднаквост и недискримина- ција, како и принципот на учество/партиципативност. Еднаквоста во заштитата, промовирањето и унапредувањето на човековите права на припадниците на мал- цинствата е од клучно значење1 и таа вклучува и обезбедување посебни услови и воведување посебни мерки и механизми за практикување на истите од страна на малцинствата. Покрај столбот на недискриминација, во врска со малцинските пра- ва постои и идентитетскиот столб кој се однесува на зачувување и промовирање на сопствената култура, на културниот живот и на идентитетот.2 И за двата столба важен е стожерниот принцип на учество во процесите на донесување на одлуки- те, без дискриминација, особено на оние кои директно ги засегаат малцинствата...

АНАЛИЗА НА ДОМАШНИТЕ ПРАВНИ ЛЕКОВИ ВО ПОСТАПКИТЕ ПРИ ИЗБОРОТ, РАЗРЕШУВАЊЕТО И ИЗРЕКУВАЊЕТО НА ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ

Во нашата држава како и во останатите држави кои се базираат врз начелата на владеење на правото и поделба на власта, судството е главниот носител на заштитната функција во остварувањето на индивидуалните слободи и права на човекот и граѓанинот. Таа своја функција и надлежност судството може да ја оствари само доколку се заснова и се раководи од начелата на уставност и законитост, негова независност и непристрасност и тоа како од институционален така и од функционален аспект. Постојат различни правни инструменти кои се предвидени во легислативата и кои стојат на располагање за остварување и заштита на фундаменталните права кои претставуваат неизбежна основа на демократијата и демократскиот напредок. Советот на Европа во препораката REC(2004)6, укажува на потребата државите да го утврдат постоењето на ефикасни правни лекови во сите области од правниот систем...

АНАЛИЗА НА НЕДОСТАТОЦИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Забраната на дискриминација е актуелна тема третирана не само во бројни меѓународни, туку и во национални документи. Антидискриминационата политика е задача на државите на сите нивоа. Државите не смеат ниту да ги кршат човековите права, ниту да дискриминираат. Меѓутоа, оваа обрврска на државата со текот на времето се има проширено затоа што човековите права можат да бидат загрозени и од трети, приватни лица. Поради тоа, обврска на државата не е само да ги почитува човековите права и да не врши дискриминација, туку и да се погрижи третите лица да не ја вршат истата.

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНИТЕ КОМИСИИ И РЕГУЛАТОРНИТЕ ТЕЛА - ЗАКОНСКА ПОСТАВЕНОСТ И ПРАКТИЧНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ

Со законите што го регулираат формирањето и функционирањето на комисии- те генерално е утврдено дека истите се самостојни и независни во извршувањето на законските надлежности и дека изборот на кадрите се врши по пат на јавно објавен конкурс во кој се содржани и критериумите што се бараат, а изборот, по правило, го врши Собранието на РМ, по предлог на надлежната собраниска коми- сија за избор и именување. Наспроти ваквата законска поставеност и критериуми- те за стручност и компетентност, во практиката е присутно големото политичко влијание при изборот на кадрите во овие тела, што понатаму се реперкуира со влијание на владејачката гарнитура врз донесувањето на нивните одлуки. Оттука, наместо независност, професионалност и објективност, овие тела, најчесто, при одлучувањето покажуваат двојни стандарди – селективен однос и пристрасност...

ДИСКРИМИНАЦИЈА НА РОМИ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

КРШЕЊЕ НА ЅИДОТ НА ОДБИВАЊЕ И СЕГРЕГАЦИЈА

Овој труд ја анализира генералната сoстојба во основното и средното образование која ги засега ромските ученици во Република Македо- нија. Намерата e да се постигне целта на проектот и да се илустрираат постоечките проблеми, но, исто така, и да се прикаже напредокот во неколкуте области кои го засегаат образованието на оваа ранлива група. Анализите упатуваат и на други извештаи, организации и институции кои веќе имаат презентирани податоци во рамките на општата тема со цел да ги поврзат вредносните наоди направени од веќе ангажираните лица. Правниот аспект може да се изнајде како во наведените закони така и во домашните и меѓународните одредби. Ова е збогатено со најновата судска практика заснована врз претходни судски одлуки на Европскиот суд за човекови права, со можност во неколку наврати да се изјасни за прашањето на сегрегација на ромските ученици. За да се донесат релевантни заклучоци за севкупната социјална, легална и политичка позадина, анализите прикажуваат случаи и примери од интервјуираните родители и ученици.

ПРАВОТО НА СЛОБОДА НА МИСЛА И ИЗРАЗУВАЊЕ И СЛОБОДА НА МИРЕН СОБИР И ЗДРУЖУВАЊЕ

Меѓународни и домашни стандарди и практика

АНАЛИЗА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Забрана на дискриминацијата е актуелна тема која е трети- рана како во бројни меѓународни, така и во национални до- кументи.
Универзалната декларација за човекови права укажува дека “сите човекови суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права”. Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) на сите лица под јурисдикција на договорната страна –држава потписничка на оваа Конвенција е во обвр- ска да им го обезбеди исполнувањето на правата и слободите утврдени во истата и нејзините протоколи. ЕКЧП забранува дискриминација во уживање на правата и слободите предви- дени во оваа конвенција по разни основи, наброени во чл.14, но со проширена листа на основи утврдена во праксата на Европскиот суд за човекови права. Со протоколот бр.12 на ЕКЧП се проширува полето на правата и слободите по однос на оваа заштита

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПЕРЦЕПЦИЈА, ПОТЕШКОТИИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Во реализацијата на проектот, пред сè, се обидовме да ја презентираме перцепцијата за состојбите во македонското судство, потешкотиите на кои се наидува во извршувањето на судиската функција и предизвиците што може да се детектираат, сè со цел подобрување на состојбите во оваа сфера.
Независноста и непристрасноста се препознатливи и битни категории поврзани со судството и важен сегмент во остварувањето на демократијата и владеењето на правото. Главните придобивки од примената на овие принципи, меѓу другото, се остварувањето на општествениот напредок, гаранцијата, остварувањето и заштитата на човековите права и слободи, како и хармонизцијата меѓу луѓето.
Секоја држава има обврска да оствари доверба во судскиот систем. Државата треба да го организира својот политички и правен систем на таков начин што независноста и непристрасноста во судството ќе ја поттикнуваат и ќе овозможуваат таа доверба да се реализира.

ПРЕГЛЕД НА ПРАВНИТЕ ЛЕКОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕФЕКТИВНА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА И СЛОБОДИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Во рамки на проектот „Преглед на правните лекови во Ре- публика Македонија низ призмата на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните” финансиски поддржан од Амбасадата на САД, Институтот за човекови права (ИЧП), преку процес на отворени професионални дебати, имаше за цел да ги идентификува и да ги анализира состојбите на ефективноста на домашните правни средства во остварувањето и заштитата на правото на слобода на изразување и на правото на мирен собир. Тимови, составени од членови на ИЧП ги водеа овие дебати, собирајќи релевантни податоци потребни за изготвување ана- лиза во која ќе бидат презентирани постојните правни средства во легислативата од оваа област, од практиката на нивната примена и заклучоци од процесот на ова истражување ...