Македонски Shqip English

Заедно во борба против корупција

Основна цел на Проектот “Заедно во борба против корупција” е да придонесе за подршка и подобрување на капацитетите на граѓанскиот сектор за остварување на нивната улога на“ watchdogs“или контролор на работата на државните органи со цел законито и транспатрентно извршување на функцијата и за спречување на ризиците од корупција и злоупотреба на службената должност...

Повеќе

Вечери на женски права 2018

Овој проект има за цел да ја зголеми родовата еднаквост и да ги поттикне мажите и жените критички да се однесуваат на родовите нееднаквости и да се зголеми свеста за значењето на женските права како човекови права. Дополнително, проектот ќе ги потенцира напорите на женските активистки Роса Плавева и Наќие Бајрам кои во 1900тите ќе го понесат товарот да бидат лидери на европските струења за женските права и еднаквост во Македонија. Почетната и основна активност ќе биде изработка на документарен филм за овие македонски феминистки и борки за човекови права.

Повеќе

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Проектот „Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област “ е финансиран од Делегацијата на ЕУ во Македонија во рамките на Прекуграничната програма Македонија - Албанија под Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за 2014 и 2015 година, и е спроведуван од страна на Институтот за човекови права(ИЧП), фондација Егалите и Центарот за компаративни и меѓународни студии како партнери, и Центарот за управување со промени (ЦУП) како носител на проектот. Проектот во целина се однесува на потенцијалните и постоечките жени претприемачи и ќе обезбеди неопходна поддршка за да ги зајакнат нивните деловни вештини и ќе обезбеди дополнителна техничка поддршка и помош на жените за да можат да ги развиваат и прошират микро и малите бизниси во прекуграничниот регион меѓу Полог на македонска и Елбасан на албанска страна.

Повеќе

Заедничка акција за итни реформи во судството

Главната подолгорочна корист на граѓаните и другите засегнати страни од општата цел како и од специфичните цели на оваа заедничка акција е олеснување на пристапот до независен, непристрасен и професионален суд. Сето тоа ќе ја намали корупцијата во јавниот сектор, ќе ја врати довербата во судството и воопшто ќе го подобри квалитетот на животот на сите граѓани приближувајќи ја државата кон побрзо членство во ЕУ.

Повеќе

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Проектот има за цел да ја запознае пошироката јавност со работата на Судскиот совет на РМ и да ја зголеми отчетноста и транспатентноста на Судскиот совет на Р.М. врз основа на аргументи, преку информирање на јавноста.

Повеќе

Институционален грант

Институционалните грантови на Цивика мобилитас се наменети за поддршка на институ- ционалниот развој и организациското јакнење на граѓанските организации. Институционалниот развој се однесува на поддршката која граѓанското општество може да ја направи за развојот на Македонија. Така, тој се однесува на улогата на ГО и другите чинители во граѓанското општество во промовирањето на општествените промени во земјата. Организациското јакнење се однесува на зајакнувањето на поединечни ГО како организации.

Повеќе

ИПА - Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права

Проектот е фокусиран на имплементацијата на целите утврдени во Повикот за предлози и тоа: да се зголеми влијанието на граѓанските организации и да се подобри интегритетот на медиумите преку нивно вклучување во јавните политики што ќе придонесат за понатамошен развој и унапредување на граѓанскиот дијалог, посилен и активен придонес во креирањето на политиките и активности на набљудување, како и унапредување на истражувачкото новинарство.

Повеќе