Македонски Shqip English

Институционален грант

Институционалните грантови на Цивика мобилитас се наменети за поддршка на институ- ционалниот развој и организациското јакнење на граѓанските организации. Институционалниот развој се однесува на поддршката која граѓанското општество може да ја направи за развојот на Македонија. Така, тој се однесува на улогата на ГО и другите чинители во граѓанското општество во промовирањето на општествените промени во земјата. Организациското јакнење се однесува на зајакнувањето на поединечни ГО како организации.

Повеќе

Вечери на женски права 2018

Овој проект има за цел да ја зголеми родовата еднаквост и да ги поттикне мажите и жените критички да се однесуваат на родовите нееднаквости и да се зголеми свеста за значењето на женските права како човекови права. Дополнително, проектот ќе ги потенцира напорите на женските активистки Роса Плавева и Наќие Бајрам кои во 1900тите ќе го понесат товарот да бидат лидери на европските струења за женските права и еднаквост во Македонија. Почетната и основна активност ќе биде изработка на документарен филм за овие македонски феминистки и борки за човекови права.

Повеќе

Зголемен јавен надзор над работењето на Судскиот Совет на Република Македонија

Проектот има за цел да ја запознае пошироката јавност со работата на Судскиот совет на РМ и да ја зголеми отчетноста и транспатентноста на Судскиот совет на Р.М. врз основа на аргументи, преку информирање на јавноста.

Повеќе

ИПА - Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права

Проектот е фокусиран на имплементацијата на целите утврдени во Повикот за предлози и тоа: да се зголеми влијанието на граѓанските организации и да се подобри интегритетот на медиумите преку нивно вклучување во јавните политики што ќе придонесат за понатамошен развој и унапредување на граѓанскиот дијалог, посилен и активен придонес во креирањето на политиките и активности на набљудување, како и унапредување на истражувачкото новинарство.

Повеќе

Заедничка акција за итни реформи во судството

Главната подолгорочна корист на граѓаните и другите засегнати страни од општата цел како и од специфичните цели на оваа заедничка акција е олеснување на пристапот до независен, непристрасен и професионален суд. Сето тоа ќе ја намали корупцијата во јавниот сектор, ќе ја врати довербата во судството и воопшто ќе го подобри квалитетот на животот на сите граѓани приближувајќи ја државата кон побрзо членство во ЕУ.

Повеќе

Правна подготвеност за инспекции во граѓански организации

Основна цел на овој ад хок грант е да се спречат негативните ефекти од инспекциите и да се зајакне довербата меѓу самите граѓански организации за нивното правилно работење како основа за остварување на правото на здружување и изразување и да се зајакне граѓанското општество како институција.

Повеќе

„Унапредување на правото на образование на децата Роми со посебен фокус на ромските девојчиња“

Главна цел на проектот беше подобрувањето на едукацијата на учениците Роми во областите каде покажуваат послаб успех по одредени предмети кои што се значајни за унапредување на нивното образование.

Повеќе

„Независен Судски совет на Република Македонија - стремеж и предизвици“ дел од „Мрежа 23“

Целта на проектот беше да придонесе кон зголемување на независноста, објективноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Макеоднија (ССРМ) преку намалување на влијанијата при вршењето на неговите уставни функции.

Повеќе

„Roma Placement Program“

Проектот „Roma Placement Program“ беше реализиран во соработка со Централниот Европски Универзитет (CEU) од Будимпешта, а со финасиска поддршка на National Endowment for Democracy. Проектот имаше за цел да ангажирање на дипломирани Роми во Невладини неромски организаци, за период од една година...

Повеќе

„Зајакнување на човековите права во процесот на лустрација“

Процесот на лустрација отвори голем број на дилеми и незадоволства во македонското општество. ИЧП како граѓанска организација за човекови права е посебно загрижена поради повредите на основните човекови права кои во овој процес се евидентни...

Повеќе

„Прашувај“

Во рамките на проектот направени беа анализи на Решенијата на Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, на решенијата и пресудите на Управниот и Вишиот управен суд, во делот на пристапот до информации од јавен карактер...

Повеќе

„Зголемување на механизмите за имплементација на правата на помалите заедници“

Главна цел на проектот беше промоцијата и заштитата на правата и слободите на малцинствата кои се помалку од 20% од населението на земјата, односно Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и другите помали заедници...

Повеќе

„Анализа на независните комисии и регулаторни тела - законска поставеност и практично функционирање“

Целта на проектот беше да придонесе кон зголемувањето на независноста, објективноста и транспарентноста на независните комисии и регулаторни тела во Република Македонија (како: Државна комисија за спречување корупција...

Повеќе

„Независност на судството во Република Македонија – перцепција, потешкотии и предизвици“

Проектот имаше за цел да придонесе во јакнењето на независноста на судството во Република Македонија и да се зацврсти непристрасноста при судското одлучување. Со овој проект ИЧП настојуваше да го зголеми разбирањето во јавноста и помеѓу претставниците на законодавната и извршната власт за темите поврзани со судската независност и непристрасност, но и развиваше конкретни и практични мерки насочени кон зајакнување на независноста на судството.

Повеќе

„Дискриминација на Ромите во образовниот процес: Кршење на ѕидот на отфрлање и сегрегација“

Проектот имаше за цел да промовира разбирање, почитување и уживање на правото на образование без дискриминација на ромската популација и да се подигне свеста на релевантните власти за националната легислатива, како и меѓународни обврски кои забрануваат индиректна дискриминација на ромските ученици.

Повеќе

„Во насока на ефективна заштита на правото на слобода на изразување и слобода на медиуми во Република Македонија – идни предизвици“

Проектот “Во насока на ефективна заштита на правото на слобода на изразување и слобода на медиуми во Република Македонија – идни предизвици” беше продолжение на претходниот проект на ИЧП: “Преглед на правните лекови во РМ низ призмата на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните” кој исто така беше поддржан од Амбасадата на САД.

Повеќе

Следење на имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација во рамките на проектот "Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес"

Институтот за човекови права во соработка со Националниот Демократски Институт (National Democracy Institute - NDI) во рамките на проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“ започна да ја следи имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) со цел да се согледа ефикасноста и ефективноста на истиот и врз основа на тоа да се преземат активности за подобрување на законските решенија за остварување и заштита на човековите слободи и права.

Повеќе

„Преглед нa правните лекови во Македонија низ призмата на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните“

Институтот за човекови права, земајќи го во предвид недостатокот на меѓуинституционална соработка помеѓу правните практичари кои што работат на различни правни полиња, воспостави процес на отворени консултации помеѓу правните практичари во земјата...

Повеќе

„Правен дијалог - Пораст на критичките анализи меѓу правните практичари“

Институтот за човекови права остварува една од неговите основни активности, која се состои од собирање на правни и компаративни анализи, оценки и критики, обезбедени од страна на неговите членови т.е. група на истакнати поранешни судии, обвинители и правни експерти...

Повеќе

„Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“

Главна цел на проектот беше да придонесе кон заштитата на граѓанските права и слободи, со акцент на правото на мирно собирање и изразување јавен протест, преку овозможување на правна помош на граѓаните чии права се оспорени или не се почитуваат. Иако овие права се загарантирани со Уставот на Република Македонија, како и со Европската конвенција за заштита на човековите права, сепак постои потреба од дополнителна интервенција на граѓанскиот сектор.

Повеќе