Македонски Shqip English

Заедничка акција за итни реформи во судството

Главната подолгорочна корист на граѓаните и другите засегнати страни од општата цел како и од специфичните цели на оваа заедничка акција е олеснување на пристапот до независен, непристрасен и професионален суд. Сето тоа ќе ја намали корупцијата во јавниот сектор, ќе ја врати довербата во судството и воопшто ќе го подобри квалитетот на животот на сите граѓани приближувајќи ја државата кон побрзо членство во ЕУ.

Повеќе

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Проектот има за цел да ја запознае пошироката јавност со работата на Судскиот совет на РМ и да ја зголеми отчетноста и транспатентноста на Судскиот совет на Р.М. врз основа на аргументи, преку информирање на јавноста.

Повеќе

Институционален грант

Институционалните грантови на Цивика мобилитас се наменети за поддршка на институ- ционалниот развој и организациското јакнење на граѓанските организации. Институционалниот развој се однесува на поддршката која граѓанското општество може да ја направи за развојот на Македонија. Така, тој се однесува на улогата на ГО и другите чинители во граѓанското општество во промовирањето на општествените промени во земјата. Организациското јакнење се однесува на зајакнувањето на поединечни ГО како организации.

Повеќе

ИПА - Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права

Проектот е фокусиран на имплементацијата на целите утврдени во Повикот за предлози и тоа: да се зголеми влијанието на граѓанските организации и да се подобри интегритетот на медиумите преку нивно вклучување во јавните политики што ќе придонесат за понатамошен развој и унапредување на граѓанскиот дијалог, посилен и активен придонес во креирањето на политиките и активности на набљудување, како и унапредување на истражувачкото новинарство.

Повеќе