Македонски Shqip English


Нордиска поддршка МК.png (46 KB)

Проектот е спроведуван во рамки на Нордиската поддршка за напредок на Северна Македонија и финансиран од кралствата Норвешка и Шведска, а поддржан од Секретаријатот за европски прашања и канцеларијата на ОН за проектни услуги.

 

Времетраење на проектот: 10 месеци

Буџет: 37.740 USD

 

Општа цел:

Општата цел на проектот е унапредување на родовата еднаквост преку намалување на родовите предрасуди и стереотипи во училиштата.

Целни групи:

  • Претставници на образовни институции: Наставници и педагошко-психолошкиот кадар во основните училишта;
  • Претставници на државни институции: Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, Министерство за труд и социјална политика;
  • Општата јавност;
  • Интернет корисници;
  • Претставници на академската заедница.

Поединечни цели

- Јакнење на капацитетите на институциите, како и на наставниот и педагошко-психолошкиот кадар во основните училишта, со цел правилно препознавање и намалување на стереотипите при имплементација на наставните содржини;

- Да се подобри создавањето на стручна теорија и прибирањето на податоци со цел да се намали родовата нееднаквост;

- Да се покрене свеста за важноста на образованието како клучно за општествена трансформација и унапредување на човековите права, вклучително и унапредување на родовата еднаквост;

Резултати од проектот

- Дискусија со релевантни претставници за покренување на прашањето за создавање на родово сензитивна стручна теорија и запазување на родовата сензитивност во сите сфери и фази од учебниот процес;

- Продуцирање на наставен и педагошко-психолошки кадар во основните училишта, спремен да се справи со родово сензитивните предизвици при имплементација на наставните содржини;

- Изготвена анализа на три учебници;

- Изработка на едно видео и девет промотивни летоци;

- Изготвен извештај со препораки за подобрување на состојбите;

- Практичен чекор-по-чекор прирачник за родово-сензитивнa имплементација на наставните содржини;

 

Финални корисници:
Ученици од основните училишта, државни институции(Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, Министерство за труд и социјална политика), родители, општата јавност, пазарот на труд.

Новости и објави

Намалување на родовите стереотипи во образованието

Родовата еднаквост и образованието

Намалување на родовите стереотипи во образованието

Зошто родова еднаквост?

Намалување на родовите стереотипи во образованието

Уредувачки денови на Википедија

07.02.2020