Македонски Shqip English


 

 

 

Период на реализација: 01.02.2019 – 31.12.2019

Донатор: Германска амбасада Скопје

Цел на проектот:

Акција за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет и нејзино препознавање од страна на националните и локалните власти, правните професионалци и граѓаните, како и зголемување на толеранцијата и прифаќањето на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

Специфична цел 1: Да ја зголемиме превенцијата од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, да ја подигнеме свеста за нејзино постоење и да промовираме толеранција и прифаќање.

Специфична цел 2: Да ја зајакнеме заштитата од дискриминација, пред сè врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, преку воспоставување на конкретна (судска) пракса.

Активности на проектот се:

Активност 1. Организирање на три обуки за правни професионалци, адвокати и лица кои се соочуваат со дискриминација;

Активност 2. Подготовка на три видеа со цел промовирање кампања на социјалните мрежи за основите врз основа на кои се утврдува дискриминација (посебен фокус на дискриминаторските основи: сексуална ориентација и родов идентитет) и промоција на програмата за стратешко застапување;

Активност 3. Организирање на караван во четири града за промоција на толеранција и прифаќање, заштита од дискриминација и програма за стратешко застапување;

Активност 4. Спроведување на две анкети, пред и по кампањата, за оценка на јавното мислење и нивото на перцепција за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација;

Активност 5. „Програма за застапување" со цел поведување постапки за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и судовите од страна на адвокати специјализирани во оваа област и ИЧП;

Активност 6. Изготвување на извештај за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и документ за јавни политики со заклучоци и препораки;

Активност 7. Организирање на јавен настан за презентација на резултатите од проектот и документот за јавни политики.

Очекувани резултати:

  1. Подигната свест за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација;
  2. Зголемена толеранција и прифаќање на припадниците на ЛГБТИ заедницата во секојдневието и на интернет;
  3. Обучени правни професионалци и лица кои се соочуваат со дискриминација;
  4. Воспоставена минимална судска пракса како основа за понатамошни постапки во оваа област;
  5. Утврдени недостатоци и позитивни аспекти во спроведувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Новости и објави

Проект за Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

ПОВИК ЗА ДВОДНЕВНА ОБУКА

Проект за Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Одржана првата обука за правни професионалци за Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

22.04.2019

Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Повик за учество на дводневна обука

Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Повик за учество на дводневна обука

Усвоен Законот за заштита и спречување од дискриминација

Пратениците денеска го донесоа Законот за заштита и спречување од дискриминација, кој е со европско знаменце и е услов за пристапни преговори со ЕУ, зададен од Европската комисија.

Прес-конференција за итно донесување на предлог - Законот за спречување и заштита од дискриминација.

На прес-конференцијата беа изнесени барањата за итно донесување на предлог - Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на 7 мрежи на граѓански организации и 100 здруженија и фондации кои ги застапуваат правата на различни групи граѓани кои секојдневно се соочуваат со некаков вид дискриминација.