Македонски Shqip English


gluposti.png (152 KB)

 

Период на реализација01.01.2019 - 30.06.2021

Буџет на проектот: 189,633.84 ЕУР

Партнери:    Институт за човекови права

                     Центар за правни истражувања и анализи                                       

 

Соработници:      Здружение на судии

                             Здружение на судска администрација

 

Донатор: Сектор за Централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии

 

Цел на проектот:

Заеднички да се придонесе кон зголемување на влијанието на граѓанските организации во судските реформи преку заедничко вклучување на граѓанските организации и професионалните здруженија во оценувањето на работењето на правниот сектор, како и ефективна соработка со сите заинтересирани страни во судството.

Специфична цел 1: Зголемување на заедничката заложба и активно учество во насока на подобри резултати во судството.

Специфична цел 2: Зајакнување на соработката и капацитетот на судските професионалци за поефективно, отчетно и транспарентно судството.

Специфична цел 3 : Подигнување на свеста за достигнувањата на судството со цел да се зголеми довербата во судството.

 

Активности на проектoт :

Активност 1. Настан за отпочнување и промоција на проектот;

Активност 2. Развој на методологијата за следење и оценување на достигнувањата во судството заедно со професионалните здруженија;

Активност 3. Формирање Советодавна работна група од членовите на професионалните здруженија и граѓанските организации кои работат во областа на судството, за континуирано следење на достигнувањата, предлагајќи соодветни препораки и насоки за навремени политики;

Активност 4. Организирање на пет работилници за одговорност, ефективност и транспарентност во судството со учество на мешани групи на судии и судска администрација на раководни позиции, портпароли на судови и помлади соработници / правни лица во адвокатските канцеларии;

Активност 5. Развој на "Заедничкиот протокол за унифицирана имплементација на судските реформи и ефикасност во судството" и негова испорака во сите судови;

Активност 6. Подготовка на 3 видеа во врска со напредокот во судството во различни аспекти;

Активност 7. Подготовка на документ за политики со препораки ориентирана кон акција за транспарентено, одговорно и ефективено правосудство

Активност 8. Завршна јавна дебата

Резултати на проектот:

Р.1. Зголемена заедничка заложба на професионалните здруженија на судии и судска администрација и здруженијата на граѓани во областа на судството и во судските реформи;

Р.2. Подобро судско работење преку партиципативен пристап;

Р.3. Подобрување на ефикасноста, одговорноста и транспарентноста на судството;

Р.4. Подигнување на свеста, последователно, поголема доверба во судството.

 

Целна група: Здружение на судии, Здружение на судска администрација, судска администрација кој се наоѓа на раководни позиции во сите 4 апелациони судови, сите судии, граѓанските организации кои работат во областа на правосудството, Судски совет, Судскиот буџетски совет, Министерството за правда, соработниците во адвокатски канцеларии.

 

Крајни корисници: сите граѓани на нашата земја.

Новости и објави

Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството

Почетниот настан за одбележување на ИПА 2014 Грантова шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор

На 31.01.2019 во, ЕУ Инфо центарот во Скопје, во рамките на Почетниот настан за одбележување на ИПА 2014 Грантова шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор", Институтот за човекови права го промовираше проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ .

Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството

Одржана е иницијална средба на партнерските организации со организациите соработници

На 22ри јануари 2019г. во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ се одржа иницијална средба на партнерските организации Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR и Центар за правни истражувања и анализи со организациите - соработници Здружение на судиите на Република Македонија и Здружение на судска администрација на РМ.