Македонски Shqip English


logoa grad sk.png (18 KB)

 

Времетраење: 19.02.2018 – 30.06.2018

 

Општа цел: Подигнување на свеста за состојбата на женските права и потенцирање на важноста за борба за женски права и родова еднаквост  

 

Специфични цели:

1.Иницирање на дебата за родова еднаквост преку прикажување на позитивни примери од минатото кои се случувале во градот Скопје.

2. Прикажување на важноста на борбата за родова еднаквост преку документарен пристап.

3. Поттикнување на активизам кај младите од средните училишта за родовата еднаквост.

 

Резиме: Овој проект има за цел да ја зголеми родовата еднаквост и да ги поттикне мажите и жените критички да се однесуваат на родовите нееднаквости и да се зголеми свеста за значењето на женските права како човекови права. Дополнително, проектот ќе ги потенцира напорите на женските активистки Роса Плавева и Наќие Бајрам кои во 1900тите ќе го понесат товарот да бидат лидери на европските струења за женските права и еднаквост во Македонија. Почетната и основна активност ќе биде изработка на документарен филм за овие  македонски феминистки и борки за човекови права. Во деновите на Младотурската револуција, Плавева и Бајрам ги организираат турските жени во борба против зарот и фереџето. Во 1908 година организираат демонстрации во Скопје за рамноправност на жените. Во 1917 година собираат потписи од скопските жени за резолуцијата за ослободување на Роза Луксембург од затвор.Се залагаат за еднакви плати и за активно и пасивно избирачко право на жените.

Документарецот кој ќе биде изработен со користење на архивски податоци и искази од роднини на Плавева и Бајрам ќе биде прикажан на „Вечерите на женски права“ и на „Неделата на женски права“ по што ќе следат тематски дискусии. Документарецот ќе биде прикажуван и на дополнителни настани: дебати, форуми во средните училишта на Град Скопје и сл.

Новости и објави

Вечерите на женски права 2018

Вечерите на женски права во Кинотеката на Македонија

Вечерите на женски права продолжуваат со проекции на 1 игран и 7 документарни филма, кои ќе се одржат во Кинотеката на Македонија, во периодот од 28 до 31 Мај.