Македонски Shqip English


15 септември 2010 - 31 декември 2012

Институтот за човекови права остварува една од неговите основни активности, која се состои од собирање на правни и компаративни анализи, оценки и критики, обезбедени од страна на неговите членови т.е. група на истакнати поранешни судии, обвинители и правни експерти. Оттука, главната активност на овој проект беше публикација на три броја годишно на Правен дијалог (тука), (на Англиски, Македонски и Албански јазик) и кои примарно се фокусирани на:

Преглед и критички анализи на новите делови од легислативата кои се од важност за човековите права и владеењето на правото во земјата и регионот;

Внимателно избрани тематски проблеми за обработка и продлабочена дискусија;

Анализи на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права и Врховните судови во регионот на Западен Балкан;

Форум за дискусија беше дизајниран и одржуван како дел од веб-страната на Институтот и функционираше како главен канал, преку кој ставовите и гледиштата на Институтот беа проследени до правната заедница и пошироката јавност. Форумите за дискусија кои беа слободно понудени на сите припадници на правната професија, им даваа можност да дискутираат по прашањата кои се елаборирани и опфатени во изданијата на Правен дијалог. Институтот за човекови права создаде целосна и детална мејлинг листа, со цел мислењата и прегледите да бидат широко распространети во правната заедница во Македонија. Дополнителна вредност кон проектот е придонесот што Институтот за човекови права го добиваше преку неговата мрежа со слични организации за човекови права во балканскиот регион и земјите членки на ЕУ, преку нивни pro bono контрибуции и мислења на некои од селектираните правни теми.

Правниот дијалог бешe финансиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Вкупен буџет на проектот: 16.065 €

                        

Новости и објави