Македонски Shqip English


1 октомври 2011 - 30 јуни 2014

Институтот за човекови права во соработка со Националниот Демократски Институт (National Democracy Institute - NDI) во рамките на проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“ започна да ја следи имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) со цел да се согледа ефикасноста и ефективноста на истиот и врз основа на тоа да се преземат активности за подобрување на законските решенија за остварување и заштита на човековите слободи и права.

Активности

Организирање тркалезна маса со цел подобро утврдување на слобостите во Законот;

Изработка на Анализа за примена на Законот за спречување и заштита од дискриминација (тука) и Анализа за недостатоците на Законот за спречување и заштита од дискриминација (тука);

Презентација на анализите во повеќе градови во Македонија;

Средби со пратеници и лобирање за измени во Законот;

Изработка на заклучоци и препораки;

Проектот бешe финансиран од страна на Национална фондација за демократија (НЕД). Вкупен буџет на проектот: 6.700 €

Новости и објави