Македонски Shqip English


1 септември 2013 - јуни 2014

Цел на проектот

Целта на проектот беше да придонесе кон зголемувањето на независноста, објективноста и транспарентноста на независните комисии и регулаторни тела во Република Македонија (како: Државна комисија за спречување корупција, Државна комисија за жалби по јавни набавки, Совет за радиодифузија, Регулаторна комисија за енергетика и Агенција за електронски комуникации) преку намалување на влијанието при одлучување. На тој начин граѓанскиот сектор придонесе кон доследно спроведување на утврдените законски надлежности и кон зајакнување на одговорноста и отчетноста на овие тела кон граѓаните. Една од активностите на проектот беше и работната стипендија за правната поставеност и практичното функционирање на независните комисии и регулаторни тела.

Проектот бешe финансиран од страна на Фондацијата отворено општество Македонија (ФИИОМ), преку грант на Проектот на УСАИД. Вкупен буџет на проектот: 28.555

                                   

Новости и објави