Македонски Shqip English


1 септември 2014 - 31 август 2015

Цел на проектот

Главна цел на проектот беше промоцијата и заштитата на правата и слободите на малцинствата кои се помалку од 20% од населението на земјата, односно Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и другите помали заедници.

Активностите на проектот беа насочени кон зголемување на толеранцијата меѓу различните заедници во Македонија преку зголемување на нивното заедничко учество во процесите на донесување одлуки на општинско ниво.

Компонента I: Градење на капацитети - Првата компонента беше Програмата за зајакнување на надлежностите и капацитетите на граѓанските организации кои ги претставуваат интересите на помалите заедници. Оваа компонента се спроведе во четири општини и обезбеди основни обуки поврзани со структурното и оперативното функционирање на ГО.

Компонента II: Законодавни влијанија – Втората компонента се фокусираше на имплементацијата на Законот за подобрување на правата на припадниците на помалите заедници во четири општини. ИЧП изготви Анализа за правото на образование и правото на култура на помалите етнички заедници (тука)

Проектот бешe финансиран од страна на Амбасадата на САД во Скопје. Вкупен буџет на проектот е 24.000 $


Новости и објави