Македонски Shqip English


1 октомври 2015 – 30 септември 2016

Процесот на лустрација отвори голем број на дилеми и незадоволства во македонското општество. ИЧП како граѓанска организација за човекови права е посебно загрижена поради повредите на основните човекови права кои во овој процес се евидентни.

Според мислењето на Венецијанската комисија која се изјасни дека Применетите лустрациски мерки за дела сторени по крајот на тоталитарниот режим можат да бидат оправдани во светлината на исклучителни историски и политички услови, а не во земја со долгорочна рамка на демократски институции, поради тоа што демократскиот уставен поредок треба да се брани директно преку спроведување на владеењето на правото и заштитата на човековите права. Политичките, идеолошките и партиските причини не треба да се користат како основа за лустрациски мерки, поради самото тоа што стигматизацијата и дискриминацијата на политичките противници не претставуваат прифатливи средства за политичка борба во една држава водена од владеењето на правото.

Во рамките на овој проект беше направено компаративно истражување на лустрацискиот процес во други посткомунистички земји од Централна и Источна Европа и беше објавена анализа на тема „Човековите права во процесот на лустрација“ (тука)

Проектот бешe финансиран од страна на Холандската Амбасада во Скопје. Вкупен буџет на проектот е 23.820 €

Новости и објави