Македонски Shqip English


 

1 ноември 2015 - 26 февруари 2016

Цел на проектот

Главна цел на проектот беше подобрувањето на едукацијата на учениците Роми во областите каде покажуваат послаб успех по одредени предмети кои што се значајни за унапредување на нивното образование.

Активности

* Воспоставивме соработка (меморандум) со три училишта (ООУ „Његош“ ООУ „Ѓорче Петров“ и ООУ „Страшо Пинџур“).

* Воспоставивме соработка и со Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Скопје.

* Четири ментори/менторки водеа менторски часови за човековите права - детски права, англиски јазик, македонски јазик и математика.

* Обука за човекови права и маргинализирани групи наменета за менторите.

* Со менторските часови беа опфатени вкупно 116 ученици од ромска националност од три училишта.

* Одржавме средби со родителите на ромските ученици во сите три училишта. На средбите родителите имаа можност да ги истакнат проблемите со кои се соочуваат во текот на образованието на децата, да ги истакнат своите согледувања и потребите за подобро образование и да се запознаат со правата поврзани со образованието на нивните деца.

* Од овие средби произлезе иницијатива за градинката во село Јурумлери, Општина Гази Баба. Имено, дојдовме до сознанија дека родителите Роми не можат да ги запишат своите деца во градинките под изговор дека тие не се вработени.

* Изработена беше анализа „Правото на образование на децата Роми со посебен фокус на ромските девојчиња“(тука) во која е направен преглед на националната легислатива и на меѓународните стандарди. Оваа анализа, исто така, содржи конкретни заклучоци и препораки добиени преку претходно спроведените активности кои што ќе бидат јавно промовирани.

* Документарното видео „Образованието - прозорец на можности за девојчињата Ромки“ (тука) имаше две цели: првата цел на видеото бешее да се мотивираат ромските девојчиња од основните и средните училишта да продолжат со своето образование и да им се прикажат позитивни примери на жени и девојки Ромки кои преку образование оствариле голем успех, станале почитувани и истакнати во своите професионални кругови, и носат општествено одговорни одлуки не само за

Ромите туку и за сите граѓани на Република Македонија. Втората цел беше да се прикаже на сите граѓани на Република Македонија дека стереотипите треба да се срушат и дека нивното постоење е неосновано имајќи го предвид сѐ поголемиот број жени Ромки кои се високообразовни и се вклучени во сите сегменти во општеството.

Во документарното видео успешни жени Ромки го раскажуваат својот пат до успехот, се преставуваат себе си и свoето образование и со самото тоа стануваат одлични примери за силата на образованието во градењето на карактерот и животот на една жена.

Целна група на ова документарно видео беа девојчињата Ромки во основно и средно образование.

Проектот бешe финансиран од страна на Канадската Амбасада во Белград надлежна за Србија, Црна Гора и Македонија. Вкупен буџет на проектот: 20.966 CAD

Новости и објави