Македонски Shqip English


Logo (2).png (72 KB)

 

Цел на проектот

Проектот има за цел да ја запознае пошироката јавност со работата на Судскиот совет на РМ и да ја зголеми отчетноста и транспатентноста на Судскиот совет на Р.М. врз основа на аргументи, преку информирање на јавноста.

Резултати

  • Направена основна анализа за работата на Судскиот совет на Р.М. користејќи го воспоставениот
    мониторинг;
  • Следење (мониторинг) на ефикасноста и транспарентноста на Судскиот совет на
    Р.М. и информирање на јавноста;
  • Зголемување на јавната свест за значењето на Судскиот совет на Р.М.

Судскиот совет на Р.М. има важна улога во обезбедувањето на владеењето на правото во Македонија.
Воспоставен е со закон како самостоен и независен орган со цел да се обезбеди и гарантира независноста на судството. Во голем број меѓународни извештаи за земјата изнесени се сериозни критики за независноста на судството и необезбедување на владеење на правото. Институтот за човекови права (ИЧП) преку редовни „набљудувачки“ активности на судството во последните четири години идентификуваше одредби во регулативата и практиката кои ја поткопуваат независноста и непристрасноста на македонското судство за што допринесува и недоволната транспарентност во работењето на Судскиот совет на Р.М.

Проектот ќе:

  • Развие методологија за следење на работата на Судскиот совет на РМ;
  • Произведе основна студија за моменталната состојба;
  • Обезбеди постојано следење на Судскиот совет и за тоа ќе известува во квартални мониторинг извештаи;
  • Организира 9 јавни настани – отворени дискусии;
  • Развиe пристапна иновативна алатка за транспарентност и ефикасност;
  • Дисеминира информативни листови на секои три месеци во пишаните медиуми;
  • Произведе финална анализа со заклучоци и препораки за подобрување на правната рамка и праксата.

Засегнати страни

Судски совет на Р.М; судиите и судската администрација; правните практичари и експерти и сите граѓани во Република Македонија.

Проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ е поддржан од Британска Амбасада Скопје.

Новости и објави

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Депрофесионализација на Судскиот совет на РМ - придобивки и можни ризици

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Транспарентност, отчетност и ефективност на ССРМ - Инфографици

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ за период декември 2017 до март 2018

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Илустративни видеа за работата на Судскиот совет на РМ

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Анализа - Транспарентност, отчетност и ефективност на работата на Судскиот совет на РМ

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

До каде граѓаните можат да поднесат претставки против работењето на судиите и претседателите на судови?

Претставките и поплаките против работењето на судиите и претседателите на судови, граѓаните од сега ќе можат да ги поднесат во Судскиот совет на РМ наместо како до сега до Советот за утврдување на факти кој престана да постои.

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Инфографик-мониторинг извештај бр. 4

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ и Советот за факти - бр. 4

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Видео за третиот мониторинг извештај

Видео од третиот мониторинг извештај за период од мај до јули 2017 за работата на ССРМ и Советот за утврдување на факти. Видеото е изработено во рамките на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти“.

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МОНИТОРИНГ извештај ЗА РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РМ

Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ

Видео од мониторингот врз работата на Судскиот совет на РМ и Советот за факти

Погледнете го видеото кое дава краток преглед на работата на Судскиот совет и Советот за факти за периодот од ноември 2016 година до април 2017 година.

Зголемен јавен надзор над работењето на Судскиот Совет на Република Македонија

Резиме од мониторингот на седницата на Судскиот совет на РМ - 3 јули 2017 година

На 3 јули 2017 година Судскиот совет го усвои Годишниот извештај за работа на ССРМ за 2016 година...

Зголемен јавен надзор над работата на Судскиот совет на Република Македонија

Мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти-бр.2

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Презентација на вториот квартален извештај од мониторингот врз работата на Судскиот совет на РМ

ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Видео: Судски совет на РМ

Видеото за работењето на Судскиот совет на Република Македонија е подготвено во рамки на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права, со поддршка од Британската амбасада во Скопје.

Зголемен јавен надзор над работата на Судскиот совет на Република Македонија

Мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти-бр.1

Ова е првиот мониторинг извештај во рамките на проектот, кој го опфаќа периодот од ноември 2016 до јануари 2017 година. Мониторинг извештајот за транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија е подготвен врз основа на Мониторинг матрицата со утврдени индикатори.

Методологија за следење на работата на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти

Оваа методологија на мониторинг е подготвена во рамките на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Проектот има за цел да ја зголеми заинтересираноста на граѓаните за улогата на Судскиот совет на Република Македонија (ССРМ) и од друга страна да ја зголеми отчетноста на Судскиот совет.

Зголемен јавен надзор над работењето на Судскиот совет на Република Македонија

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ

Институтот за човекови права објавува оглас за изработка на видео материјал за работата на Судскиот совет на РМ...

Основна анализа на работењето на Судскиот совет на Република Македонија

Анализава на работењето на Судскиот совет на Република Македонија е подготвена во рамки на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права, со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Анализава дава преглед на актуелната состојба во однос на работењето на Судскиот совет на РМ (во натамошниот текст ССРМ). Правото на граѓанинот да му суди независен и непристрасен судија претставува основен постулат на судската власт. Независноста и непристрасноста се вредности на судската власт гарантирани со Уставот на РМ, со законите во РМ и со меѓународните документи ратификувани од РМ.

Мобилна апликација за следење на работата на Судскиот совет на РМ

Институтот за човекови права изготви мобилна апликација за следење на работата на Судскиот совет. Апликацијата може да ја преземете бесплатно на Play Google и на Apple Store под името „Sudski sovet pod lupa“. Тука ќе ги најдете сите тековни информации и извештаите изработени во рамките на проектот за работата на Судскиот совет на РМ.