Македонски Shqip English


Civica_Logo_original.png (18 KB)       Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ). Визијата на проектот е Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани.

Институционалните грантови на Цивика мобилитас се наменети за поддршка на институ- ционалниот развој и организациското јакнење на граѓанските организации. Институционалниот развој се однесува на поддршката која граѓанското општество може да ја направи за развојот на Македонија. Така, тој се однесува на улогата на ГО и другите чинители во граѓанското општество во промовирањето на општествените промени во земјата. Организациското јакнење се однесува на зајакнувањето на поединечни ГО како организации. Особено, организациското јакнење се однесува на јакнење на ГО во подобрување на нивниот севкупен успех во постигнувањето на нивната мисија, како и за зголемување на поширокото влијание на нивната работа на сите нивоа. Институционалните грантови на Цивика мобилитас се исто така наменети и за поддршка на краткорочните, среднорочните или долгорочните (стратешки) планови на ГО за работа на своето институционално и/или организациско јакнење. Цивика мобилитас овие планови ги вика патокази (Pathways)! За да им помогне на ГО да ги идентификуваат и да ги формулираат овие патокази, Цивика мобилитас подготви институционална/организациска самооценка која мораат да ја пополнат сите ГО кои бараат институционален грант. Прашалникот за самооценка можете да го најдете на следниот линк. Самооценката се состои од пет области: Идеи, заеднички каузи и заеднички акции; Вредности, убедувања и ставови; Конституенти / граѓански ангажман; Организациски развој; и Општествено влијание.

Очекувани резултати:

* Развиени механизми за придонес на поголем број членови на ИЧП и стручната јавност (правниците) во промовирањето на човековите права и слободи

* Конституентите заеднички ја јакнат свеста за значењето на човековите права и слободи

* Поголема непосредност на ИЧП до граѓаните преку поттикнато нивно учество во донесувањето одлуки на локално ниво

* Подобрена вклученост на управувачките и советодавните тела и членови во работењето на ИЧП

* Конституентите се мотивирани за вклучување во работењето на ИЧП

Правен дијалог

Новости и објави

Институционален грант

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ФОРУМОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПОСВЕТЕН НА ПРАВАТА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

На 6 декември 2017 година (среда) во ЕУ Инфо Центарот, во организација на Институтот за човекови права се одржа Форумот за човекови права посветен на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на човекови права и слободи - 10-ти декември.

Институционален грант

СТУДИСКА ПОСЕТА ВО СТРАЗБУРГ

Членовите на Извршната канцеларија и Претседателката на Институтот за човекови права (ИЧП) успешно ја реализираа студиската посета во Стразбург, Франција во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас...

Извештај на независен ревизор за Институционалниот грант

Извештајот на независен ревизор за Институционалниот грант на ИЧП за период од 01.04.2016 до 31.03.2018 е достапен на следниот линк.

Тематскa анализа за влијанието на законската рамка и јавните политики врз почитувањето на човековите права и слободи

Недостатоци во Законот за кривичната постапка кои ги ограничуваат човековите права и слободи

Тематскa анализа за влијанието на законската рамка и јавните политики врз почитувањето на човековите права и слободи

Влијанието на законската регулатива и јавните политики за јавните набавки за почитување на човековите права

Неспорна е оценката дека во Република Македонија законската регулатива која е усогласена со европските стандарди, во практиката нецелосно и несоодветно се имплементира. Сепак, не ретко токму правните празнини или нејасните, двосмислени и недоречени законски решенија се причина за повреда на основните човекови права. Вакви практики може да се најдат во повеќе закони и други прописи за кои законодавецот посочува дека се „усогласени со законодавството на ЕУ“, иако споредбата го покажува спротивното. На ваквите отстапувања во континуитет укажуваат и меѓународните организации, првенствено Европската комисија во своите извештаи за напредокот на земјата за приклучување кон Унијата...

Форум за човекови права

По повод Меѓународниот ден на човековите права, вчера во Јавна Соба, Институтот за човекови права организираше Форум на тема „Состојбата во Република Македонија vis a vis човековите права и слободи “...

Повик за објавување на статии во стручно списание Правен дијалог

Институтот за човекови права (ИЧП) објавува трет Повик за објавување на статии во стручното списание Правен дијалог во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.

Студиска посета во Мадрид

Членовите на Извршната канцеларија на Институтот за човекови права (ИЧП) успешно ја реализираа студиската посета во Мадрид, Шпанија во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас...

Стратешко планирање за 2016-2020

На 24 и 25 септември 2016 Институтот за човекови права во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата Цивика Мобилитас одржа успешна партиципативна работилница за стратешко планирање за 2016-2020...

ПОВИК ЗА ОБЈАВА НА СТАТИЈА ВО ПРАВЕН ДИЈАЛОГ

Почитувани, Институтот за човекови права (ИЧП) објавува втор Повик за објавување на статии во стручното списание Правен дијалог во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас...

Мониторинг Бриф Бр 1

Првиот Мониторинг Бриф за извршувањето на одлуките на ЕСЧП во Република Македонија...