Македонски Shqip English

Правен дијалог

Стручното списание „Правен дијалог“ кое го издава Институтот за човекови права (ИЧП) овој пат е поддржано од програмата на Цивика Мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.

Првото издание на Правниот дијалог беше објавено на 20 Ноември 2010 година, а почнувајќи од 10то издание објавено во Јуни 2016 година, Правниот дијалог се објавува на квартално ниво.

Институтот до сега доби многу позитивни реакции од страна на домашни и меѓународни институции и организации кои го поздравија издавањето на ова стручно списание оценувајќи го истото како мошне корисно за унапредување на правната мисла, како за теоретичарите така и за практичарите, и воедно дадоа голема поддршка за негово понатамошно издавање.

Тоа и беше мотив да продолжиме со неговото издавање, а со цел во Правниот дијалог да се презентираат мислењата и ставовите за актуелни теми кои ги засегаат правата и слободите на граѓаните во Република Македонија. Правните написи и написите за човековите права играат значајна улога во развојот на демократските процеси во секое општество и преку нив се влијае на развојот на правната мисла и практиката како и нивниот квалитет.

Темите кои се обработуваат се најразлични, но пред се’ ја засегаат заштитата на човековите права, а изготвени се од еминентни експерти за човекови права, професори, правници и сл.

Написите се авторски трудови и не секогаш ги изразуваат ставовите на Институтот за човекови права (ИЧП).

Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Институт за човекови права и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

 © Copyright 2016 Институт за човекови права Сите права се задржани. Во случај на преземање на содржини или делови од содржини на Правен дијалог на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст на Правен дијалог на web страната на Институтот за човекови права www.ihr.org.mk 

Правен дијалог бр. 18 - јули 2018

Правен дијалог бр. 17 - март 2018

Вања Михајлова

Трговија со влијание-кривично дело кое тешко се открива

д-р Драгана Кипријановска

За концептот на специјализирано судство

доц. д-р Марјан Габеров

Независноста на судството како предуслов за заштита на човековите права

Елизабета Васкова

Улогата на Судскиот совет во гарантирање и заштита на човековите права и владеење на правото

м-р Леонида Џумеркоска

Односите на извршителите со јавноста и судската заштита на странките во постапката

М-р. Ивана Џумковска

Правосудниот систем на РМ во насока на подобрување на човековите права

М-р Иван Колевски

Правните заклучоци на средбите на апелационите судови како средство за обезбедување на воедначена судска пракса

М-р. Викторија Наумоска

За заштитата на човековите права од судовите

м-р Нена Николовска

Арбитражата и примената на членот 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права

Правен дијалог бр.16 - декември 2017

Правен дијалог бр.15 - септември 2017

Проф.д-р Мерсел Биљали

Владеењето на правото и интегрирањето во меѓународни организации

Вања Михајловa

Слободниот пристап до информации - гаранција за добро владеење и заштита на правата и слободата на граѓаните

М-р. Ирена Цуцулоска

Иднината на доктрината „Bosphorus“: Односот помеѓу Луксембург и Стразбур во заштитата на човековите права

Доц. д-р Марјан Габеров

Конвенцијата за правата на детето и семејното насилство

М-р. Меритон Арслани

Политичкото влијание преку изборот и разрешувањето на судиите и јавните обвинители како начин на загрозување на принципот на владеење на правото

М-р.Ајбејан Ајдини

Неодржувањето на усна јавна расправа во постапките пред Управниот суд- повреда на членот 6 од ЕКЧП

М-р. Васка Бојаџи

Насилство врз децата во сајбер-просторот – осврт на меѓународната правна рамка

М-р. Александра Тодоровска

Лаичкото учество во кривичната постапка и човековите права

Правен дијалог бр. 14 - јуни 2017

Проф. д-р Каролина Ристова – Астеруд

Зa литературата, правото и „очовечувањето“ на светот на правните апстракции

Јордан Митриновски

Предиграта и поентата на една скандалозна одлука

Саше Димовски

Евангелие по Прибе

Проф. д-р Страшко Стојановски

Говорот на омраза на интернет и социјалните мрежи

д-р Драгана Кипријановска

Лицата со душевни пречки и членот 3 од ЕКЧП - краток осврт врз јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права

Проф. д-р Бранко Димески

Унапредување и заштита на човековите права при селекција на вработувањето и унапредувањето на административните и јавните службеници во Р.М.!?

Александар Наков

Притворот - последна од мерките за обезбедување присуство на обвинетиот за успешно водење на кривичната постапка, најголем атак на основните човекови слободи и права

м-р Љупчо Стојковски

Одговорноста на меѓународната заедница за спречување на масовни злосторства

Правен дијалог бр.13 - март 2017

Правен дијалог број 12 - декември 2016

Правен дијалог број 11 - септември 2016

Правен дијалог број 10 - јуни 2016

Правен дијалог број 8

Правен дијалог број 7

Правен дијалог број 6

Правен дијалог број 5

Правен дијалог број 4

Правен дијалог број 3

Правен дијалог број 2

Правен дијалог број 1