Македонски Shqip English

Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права

ПОВИК за пријавување на новинари на Обуката за интегритет и професионални стандарди на новинарите во истражувачкото новинарство

Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје, во рамките на заедничкиот проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор во рамките на слободата на медиумите за 2014 година, објавуваат повик за пријавување на новинари на Обуката за интегритет и професионални стандарди на новинарите во истражувачкото новинарство кој се спроведува во рамки на проектот.

 

Цел на овој отворен повик е да им се даде еднаква можност на сите новинари, кои имаат искуство во истражувачко новинарство а ќе изразат личен интерес, да се пријават на Обуката за интегритет и професионални стандарди на новинарите во истражувачкото новинарство.

 

Обуката за интегритет и професионални стандарди на новинарите во истражувачкото новинарство ќе се одржи на 19ти и 20ти октомври 2016 (среда и четврток) во Хотел Арка,  Скопје во периодот од 10:00 до 16:00 часот.

 

За успешна реализација на Обуката како експерти ќе бидат ангажирани двајца странски обучувачи и тоа Саша Лековиќ од Република Хрватска и Блаж Згага од Словенија.

 

Во рамките на овој повик ќе се изберат 20-25 учесници кои имаат искуство во истражувачко новинарство и кои се заинтересирани за учество на Обуката.

 

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија на е-маил адресата miroslav.draganov@ihr.org.mk за пријавување на отворениот повик. Крајниот рок за пријавување е 17.10.2016 (понеделник) до 14:00 часот. Ќе биде применет принципот на прв дојден, прв услужен.  

 

Кандидати кои ќе бидат учесници на Обуката за интегритет и професионални стандарди на новинарите во истражувачкото новинарство се очекува да бидат присутни и активно вклучени двата дена предвидени за одржување на Обуката.

 

  • Патните трошоци за новинарите надвор од Скопје ќе бидат надоместени;
  • Работните материјали, ручекот и кафе паузите наведени во дневниот ред ќе бидат обезбедени од организаторот;
  • Работен јазик на Обуката ќе биде англискиот.

 

Лице за контакт: Мирослав Драганов - miroslav.draganov@ihr.org.mk.