Македонски Shqip English

М-р Ивана Џумковска

ЗАМП и донесената одлука за лишување од македонската уметност

Моравме ли да ги замолчиме за да им го чуеме гласот? Во текот на месецот одлуките за покренување на првите обвиненија на СЈО беа поставени во фокусот на политиката и правната сцена во нашата република. Уште еден настан кој постави белег на изминатиов период беше не помалку актуелна темата за донесување на одлуката и повишувањето безгласно на гласот од страна на македонските автори на дел од македонската уметност, на македонската музика забранувајќи го досегашното слободно емитување на нивните авторски дела преку масовно користење на сите видови извори од јавен карактер, започнуваји со самите радио станици па продолжувајќи со јавниот телевизиски сервис.

Но, дефинирајќи го авторското право во следниот дел, би сакала да укажам на нивната основаност на ваквата одлука или нивната контрадикторност со остоечката правна регулатива, доколку е дел од нашиот правно регулаторен систем?

            Авторските како и другите сродни права се содржани и воедно регулирани во македонската законска легилсатива преку „Законот за авторското право и сродните права“ издаден во Сл.весник на Р. Македонија, бр.115 од 31.08.2010 година кој во својот состав на самиот почеток ги дава воведните одредби, во негово продолжение задржувајќи се на регулирањето на односот помеѓу авторското право од една страна и сопственичкото право од друга, кој однос и неговата чиста дистинкција не е ни малку за потценување согледувајќи и насочувајќи се на неговата важност. Фокусирајќи се на самата тема, и ислагајќи само дел од актуелните настани со неа, би зборувала за авторското право како дел кој што е точно дистинкциран во самиот закон наведувајќи точно дефинирање на истиот поим, авторско право, авторско дело и дефинирајќи ја самата личност како автор.  

Самиот закон за заштита на авторското право и сродните права во чл.12 ст.1 го дефинира самиот поим  авторско дело, појаснувајќи што преставува тоа:

“Авторско дело, во смисла на овој закон, е интелектуална и индивидуална творба од областа на книжевноста, науката и уметноста, изразена на кој било начин и форма” [1]

Во вториот став од истиот закон се ојаснети категоризацијата на самите дела кои ќе бидат опфатени во групата на авторски дела, без разлика на формата и начинот:

1) пишано дело (книга, напис, статија, прирачник, брошура, расправа и други

дела од иста природа);

2) компјутерска програма, како пишано дело;

3) говорно дело (предавање, говор, беседа и други дела од иста природа);

4) музичко дело, со или без текст;

5) драмско, драмско-музичко, кореографско и пантомимичарско дело;

6) фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската;

7) аудиовизуелно дело (кинематографско и друго дело изразено со подвижни

слики);

8) дела на ликовната уметност (слика, цртеж, графика, скулптура и друго);

9) дела од архитектурата;

10) дела од применетата уметност и дизајнот и

11) картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично

дело и друго дело со ист или сличен карактер.[2]

Зборувајќи за самата заштита на дело кое е дефинирано како авторско, во истиот закон се дефинира и поимот автор во чл.17 ст.1 кој јасно го дава дефинирањето за личноста која ќе биде именувана, назначена за автор на едно авторско дело.

“ Автор, во смисла на овој закон, е физичко лице кое го создало авторското дело”[3]

Задржувајќи се повеќе на самата суштина на овој прилог би сакала да се задржам на правата кои ги имаат лицата дефинирани како автори над своите дела, и дали самиот автор како еден вид креатор на тоа дело има за право да ја донесе одлуката со која што би замрела цела музичка сегашност на едно тло?

Правата врз авторското дело од една страна се окарактеризирани како права кои во себе носат материјален белег и морални права кои се повеќе од суштински карактер на делото и се духовна нишка помеѓу самото дело и неговиот автор. Во чл.21 ст.2 се наведени исклуивите морални права кои му припаѓаат на авторот:

1) право на признавање на авторството;

2) право на прво објавување;

3) право на заштита на интегритетот на делото и

4) право на откажување[4]

Материјалните права содржани во чл.26 ст.1 ја даваат дефиницијата на истите и јасно ја дефинираат имотната корист од нив, на самиот автор

 “Материјалните права ги штитат имотните интереси на авторот од неговото авторско дело”.[5]

 Ставот 2 на истиот чл.26 ја дава слободата на самиот автор за исклучивото право да го дозволи или забрани користењето на неговото авторско дело

 “ Авторот има исклучиво право да дозволи или забрани користење на неговото дело, или негови примероци од други лица, освен во случаи определени со овој закон” [6]

Од горенаведените законски одредби во самиот Чл.26 веќе споменат погоре само би можеле да ја констатирале целосната слобода на самите автори да ја донесат веќе соменатата нивна одлука, за забрана на емитување на нивните музички дела, дадена од страна на законската регулатива. Кога зборуваме за заштитата на овие права, централизирајќи ги музичките права во самиот фокус на актуелните настани, како централен дел во самата одлука би требало да укажеме на остоењето на македонското здружение за заштита на овие авторски права ислуиво во музичката индустрија, кое дејствува согласно Законот за заштита на авторското и сродните права и во согласнот со Статутот и Дозволата на Министерството на култура на Р. Македонија. Самото здружение следствено статутот има своја хиерархиска внатрешна структура и надворешни дејствија кои не противречат на гореспоменатитот закон во прилогот. Кога би се запрашале дали ова здружение е доволно цврсто на ставот за заштитата на самите автори, можеме само да претпоставиме дека во текот на годините на неговото постоење почнувајќи од  1947 година преструктуирајќи се во различни облици за да доведе до тоа што е денес,  ја има цврстата одлука за целосно заштитување на истите тие права и со тоа заштита на самите личности кои се дел од ова здружение. Го споменувам ова здружение како еден од главните алки во заштита на овие автори и исто настанатата контрадикторноста за основање на друго идентично здружение кое беше исто назначено како еден од актуелните настани поврзани со донесената одлука за замолчување. Доделување на вршење исти функциии и заштитување на исти права кои произлегуваат од законската заштита на овие права, и креирање на исти вид на здржение уште повеќе ја зацврсти претходно донесената одлука. Постоењето на две здруженија кои би биле идентични помеќу себе, говорејќи за дејноста и целта на нивно основање во други случаи и други држави би биле бесмислени. Поставувањето на здружение кое би ги заштитувало правата на авторите, кое ЗАМП го прави веќе цели седумдесет години, укажува од една страна на сериозноста на самата гранка за заштита на овие авторски музички права и од друга страна го исмева постоењето и работата на веќе постоечкото здружение. Основањето на новото здружение со име Соком Мап поддржано од самото Министерство за култура, беше уште еден жар во и така разгорениот правен оган за заштитата на истите овие права. Доделувањето на  функционирање на ова здружение не би било противзаконско но би било противсуштинско кога би можела да се изразам со тие зборови, поставувајќи ги самите автори во изборот помеѓу двете здруженија и борејќи се едни против други, заштитувајќи ги истите тие права.

 Авторите од здружението СОКОЈ кое воедно е здружение за заштита на авторските права во нашаата соседна земја Србија, ја донесе својата конечна одлука, да од првиот ден во месец Октомври се забрани емитување во етер на музичкиот репертоар од самите автори кои се дел од ова здружение. Основаноста на ваквата одлука произлегува исто од законската регулатива на Србија, која го дава целосното право на авторите на своите дела, во овој случај музички дела, да дозволат емитување на своето дело со цел прифаќање од поголемиот дел на народна маса, или пак повлекување на истото тоа дело и забрана за негово емитување.

                Самите одлуки кои се донесени во согласност со сите членови, автори во здруженијата без разлика дали зборуваме за нашата земја или дел од нашите соседни земји ни укажуваат и го ставаат уште еднаш повисоко степенот на важност на самите авторски права и на нивната заштита, кои деновиве започнаја со разголување од музичката индустрија, и не знаеме каде би запреле. Уште еднаш тишината почнува да биде погласна од гласот.

 

  

 

 

[1] “Закон за авторско право и сродни права” Сл.весник на Р.Македонија, бр.115 од 31.08.2010 година, Втора глава Чл.12 ст.1

[2] “Закон за авторско право и сродни права” Сл.весник на Р.Македонија, бр.115 од 31.08.2010 година, Втора глава Чл.12 ст.2

[3] “Закон за авторско право и сродни права” Сл.весник на Р.Македонија, бр.115 од 31.08.2010 година, Втора глава Чл.17 ст.1

[4] “Закон за авторско право и сродни права” Сл.весник на Р.Македонија, бр.115 од 31.08.2010 година, Втора глава Чл.21 ст.2

[5] “Закон за авторско право и сродни права” Сл.весник на Р.Македонија, бр.115 од 31.08.2010 година, Втора глава Чл.26 ст.1

[6] “Закон за авторско право и сродни права” Сл.весник на Р.Македонија, бр.115 од 31.08.2010 година, Втора глава, Чл.26 ст.2