Македонски Shqip English

РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД НАЈАВЕНИОТ ИЗБОР НА СУДИИ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ НА РМ

Во врска со најавениот избор на 28 судии од страна на Судскиот совет на Република Македонија на 5 септември 2016 година, Институтот за човекови права смета дека на овој начин се врши еден вид на напад врз независноста и непристрасноста на судиите.

Имено во ситуација на формирање на техничка влада која треба да ги подготви изборите закажани за декември и ограничената работа на законодавното тело, судската власт, односно Судскиот совет на РМ врши избор на судии по огласи кои беа објавени во февруари и април годинава. Мора да се напомене дека и двете седници на кои се донесоа одлуки за објавување на огласи за избор на судии се одржаа дента кога Парламентот требаше да донесе одлука за самораспуштање.

Избирањето на 28 судии во овој момент и покрај законската обврска и можност тоа да се направи во пократок рок, а имајки ја во предвид потребата за ефикасно работење на судството, укажува на одредени негативности за независноста и непристрасноста на судството имајќи ги во предвид постојните меѓународни стандарди.  

Институт за човекови права
Претседател,
Маргарита Цаца Николовска