Македонски Shqip English

Џенифер Џеладин

ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ КАЈ МЛАДИТЕ РОМКИ

Според Пописот од 2002 година, застапеноста на Ромите од вкупното население во Р.Македонија изнесува приближно 2.7% (53.879)[43], со што Ромите се четвртата по големина етничка заедница во државата (по Македонците, Албанците и Турците). А според неофицијални проценки на локалните ромски невладини организации, застапеноста на Ромите од вкупното население е многу поголема и изнесува дури и до 6%.

Со Стратегијата на Ромите 2005-2015 предвидени се мерки за подобрување и вклучување на Ромите во високото образование мерките се следните:

  • задржување на државниот систем на квоти но при тоа да се зголеми квотата за упис на учениците Роми од 2% на 4%, притоа препорака е да се процени за кои факултети секоја учебна година постои интерес (во договор со државно финансирани универзитети);
  • Обезбедување на стипендиите за студентите Роми на сите факултети и обезбедуавење на менторска помош;
  • При сместувањето во студентските домови да се даде приоритет во листите на студентите –Роми;
  • Зголемување на бројот на студенти Роми запишани на факултетите кои продуцираат наставнички кадри со цел да се постигне оптималниот број на обучен ромски кадар;
  • Обезбедување обуки за студентите на Педагошкиот факултет за анти-дискриминацијата во образованието, со цел зголемување на сензитивноста на идните професори;
  • Создавање услови за отворање на катедра Ромолошки студии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, каде што јазикот ќе биде предмет на настава, а не јазик на кој што ќе се одвива настава, како и да се отвори студиска група на ромски наставен јазик на Педагошкиот факултет;
  • Да се стимулира поголема партиципација на Ромите во наставничките кадри на сите државно финансирани универзитети во државата;
  • Во наставниот програм „Методика“ на наставничките и педагошките факултети да се внесе посебен дел за обука на идните наставници за работа со етнички мешани класови како и со деца од сиромашни семејства;
  • Универзитетската Управа да биде поангажирана во надминување на проблемите на Ромите во образованието;
  • Промовирање на активности преку кои ќе се форсира интеракцијата со студентите од други етнички групи;
  • Меѓусебна соработка и комуникација на сите Роми кои се средношколци или студенти, имајќи ги предвид досегашните позитивни искуства.

 

Образованието е еден од приоритетните области за подобрување на состојбата на ромската заедница со посебен акцент на жената Ромка со декадата на Ромите од четрите приоритетни области (образование, вработиување, здраство и домување). Образованието имаше најголем напредог. ИЧП има спроведено истражување за високото обрзование на Ромите во период од 10 години и најголем процент на завршени високо образовани роми има од женската популација но тој број се сеуште е мал за да тие жени/девојки се изборат за своите права и да ја намалат дискриминацијата кон нив.

На годишно ниво, бројот на запишани Роми студенти расте од година во година како и бројот на запишани жени/девојки Ромки и тоа во 2004/2005 од вкупниот број запишани, 57 беа жени, во 2005/2006 расте бројот на 71 жена, 2006/2007 дури 80 жени, 2007/2008 порасна на 86 жени, 2008/2009 се искачи дури на 113 запишани жени, 2009/2010 немаме податоци за поделбата на мажи-жени, (според публикацијата издадена од Државниот Завод за Статистика даден е само вкупен број), 2010/2011 беа запишани 104 жени, 2011/2012 беа 110 жени, 2012/2013 запишани жени се 105, 2013/2014 има најмногу запишани и тоа е 119 жени. Од горенаведените податоци може да се види дека најголем пораст на студенти Ромки има во учебната 2008/2009 и тоа 113 жени.Од графиконот може да се види по години растот и падот при запишување на жени Ромки на државните и приватните факултети во Р. Македонија.

 

Како најпримамливи факултети при запишување на студентите Роми  на државните и приватните факултети се: Правен факултет, Филозофски Факултет, Филолошки Факултет, Економски Факултет, Медицински

Филозофски факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методија“ Скопје - вкупен број на запишани жени студенти Роми во периодот од  2004-2014 149 жени. Најголем број на запишани жени студенти Роми има во учебната 2010/2011 и во 2011/2012 беа запишани по 26 жени.

Правен факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методија“Скопје - вкупен број на запишани жени студенти Роми од 2004-2014  е 74 жени. Најголем број запишани студенти Роми се бележи во учебната 2006/2007 година,  најголем број запишани жени студенти Роми во учебната 2005/2006 година се вкупно 15 жена.

Филолошки факултет Скопје при Универзитетот Св. „Кирил и Методија“ Скопје - вкупен број на запишани студенти Роми од 2004-2014 е 71 жени. Најголем број на запишани е во учебната 2006/2007, 10 жени.

Медицински  факултет Скопје - вкупен број на запишани студенти Роми од 2004-2014 е 62 жени. Најголем број на запишани жени се во учебната 2011/2012 вкупно 12.

Педагошки факултет Св. „Климент Охридски“ при Универзитетот Св. „Кирил и Методија“ Скопје - вкупен број на запишани студенти Роми од 2004-2014 е 56 жени.

Економски факултет Скопје при Универзитетот Св. „Кирил и Методија“ Скопје - вкупен број на запишани студенти Роми 2004-2014 е 45 жени.

Голема улога има и Ромскиот образовен фонд[44] кои им помага на студентите Роми во стипендирањето не само на жени туку и на мажи и исто така според податоците кои ги имаат на нивната веб страна распределбата на стипендии е под еднаква и за жени и за мажи, а стипендите се покажаа како мотив на се поголем број запишување на ромките на факутет.

Заклучоци

Од достапните публикации од  Државен завод за статистика во почетните години од оваа истражување во публикации не се опфатени сите факултети кои што ги има во Р. Македонија а со тоа и ги немаме целокупните податоците за запишани Ромики на државните и приватните факултети во Р.Македонија.

Бројот на студенти Роми од година во година расте при запишувањето на државните и приватните факултети.

Препораки

Државниот завод за статистика треба да ги објави сите негови публикации поврзани со високото образование во Р.Македонија со цел давање на целосен број на запишани Ромки на државните и приватните факултети во Р.Македонија.

Државните и приватните факултетите да ги ажурираат нивните веб страни односно да се вметне колку годишно Роми конкурираат и колку од нив се запишуваат во истите факултети.

Државата да продолжи со преземените активности кои беа спроведени за високото образование со Стратегијата за Ромите во Р. Македонија.

Стипендирањето кое го добиваат студентите Роми е од голема важност со истото треба да се продолжи и во иднина со цел да имаме се поголем број запишани Ромки на државните и приватните факултети во Р.Македонија.