Македонски Shqip English

м-р Весна Попоска

ПРАВОТО НА ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА КАКО ТЕМЕЛНА ВРЕДНОСТНА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК: ПРЕГЛЕД НА МЕЃУНАРОДНО-ПРАВНИАСПЕКТИ И НАЦИОНАЛНА ПРАВНА РАМКА

„Планетата Земја не ја наследивме од нашите предци,

туку ја позајмивме од нашите внуци“

 

До каде сме и  од каде тргнавме?

Животната средина ужива висока правна позиција во Уставот на Република Македонија како темелна вредност на правниот поредок

Сепак, во последните години, најголемите градови се европски шампиони во загадување, а високо котираат и на светските листи. Досега никој не се произнесе ниту со официјално истражување на изворите на загадување, ниту пак со поконкретни долгорочни мерки за сузбивање на истиот.

Според истражување на Центарот за истражувачко новинарство од 2014, годишно во Македонија има 4 500 нови случаи на канцерогени заболувања, од кои една третина се должат на аерозагадувањето[27].

Вртоглава е сумата колку ова го чини здравствениот систем, економијата, демографијата, и општественото живеење во целост.

Ова не би требало да биде случај со оглед на фактот дека правната рамка како основа за било каква политичка акција, во голем обем ги третира прашањата од областа на еколошката безбедност и заштитата на животната средина. Во последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Р. Македонија како земја кандидат за влез во ЕУ, се вели дека

„Во областа животна средина и климатски промени, земјата е делумно подготвена. Постигнат е одреден напредок во транспонирање на правото на ЕУ, особено, општо во хоризонталното законодавство и квалитет на воздух, како и во законодавството захемикалии.“[28]

Најголем дел од европското законодавство и меѓународните норми се веќе инкорпорирани во националниот правен систем.

Сепак, европските извештаи и од изминатата и од претходните години наоѓаат пропусти во делот на имплементацијата и вложувањето во тој сектор, во смисла на човечки и технички капацитети.

 Минатогодишниот извештај посебно го третира аерозагадувањето:

„Беше постигнат одреден напредок во усогласувањето со правото на ЕУ за квалитет на воздух, но нивоата на загадување на воздухот остануваат високи. Тие претставуваат сериозен ризик по здравјето и треба итно да се решат. Спроведувањето на мерки кои се утврдени со Националниот план за заштита на квалитет на воздух останува ограничено и недоволно, иако беа спроведени општи мерки. Известувањето и споделувањето на информации за квалитет на воздух е подобрено. Продолжи транспонирањето на правото на ЕУ за контрола на емисиите од испарливи органски соединенија од употреба на горива, за планирање на заштита на квалитетот на воздух и подобрување на локално ниво. Потребни се соодветни финансиски ресурси за поддршка на мрежата за автоматско следење на квалитетот на воздух.“[29]

Воконтекст на зачленувањето во Европската Унија, Секторот животна средина, односно „Поглавјето 27“ е едно од најкомплексните поглавја за преговори, кое бара исклучителни напори за координација, инвестиции и големи одговорности на централно и локално ниво. Поглавјето бара вклучување на многу владини институции, единиците на локалната самоуправа, научни институции, здруженија на граѓани, како и бизнис секторот за исполнување на националните барања за заштита на животната средина.

Односот помеѓу меѓународното и националното право

Применливоста на меѓународните договори во поредокот на Република Македонија посебно ја разгледуваме во однос на ратификуваните меѓународни договори, договорите кои не подлежат на ратификација од македонското Собрание (ткн. ’владини договори’) и одлуките и правилата усвојувани од организациите или телата основани со меѓународните ратификувани договори.

Во однос на меѓународните ратификувани договори, решението во членот 118 на Уставот предвидува дека овие “... се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон.“ Таквата одредба несомнено ја сместува Македонија во редот на земји кои се потпираат на монистичката теорија за одност помеѓу националното и меѓународното право.

Меѓународните договори кои се ратификувани од македонското Собрание согласно со Уставот несомнено уживаат директна применливост, без да има потреба од претходно донесување на национално законодавство. законодавство само “... под услов овие да можат да бидат директно применети.“

За разлика од ратификуваните договори, применливоста и статусот во македонскиот поредок на правно-обврзувачките договори кои што, во форма на протоколи, имплеметирачки спогодби или слични инструменти, или, на автономни правно-обврзувачки спогодби кои ги склучува Владата со други држави без овие да одат на ратификација во македонското Собрание (ткн. ’извршни’ или ’владини’ договори), сосема, не е јасна.

Меѓународни и национални документи

Согласно официјалните информации достапни на веб- страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, Република Македонија е дел од 41 меѓународни мултилатерални договори кои се однесуваат на различни аспекти од областа на животната средина[30].

Колку одредбите од овие договори се имплементираат и ползуваат останува претпоставка, бидејќи отсуствува поцелосна студија во оваа насока и во оваа област воопшто.

Остануваат и многу отворени прашања, на пример, дали можеби национало воспоставената практика на одбележување „Ден на дрвото“ можеше да биде „протната“ под „Кјото Протоколот“.

Без оглед на прифаќањето на монистичката теорија за практично повнатрешнување на меѓународното право, основните меѓународни принципи се преточени во низа национални национални механизми, стратешки документи и поздаконски акти:

  1. Стратегија за води на Република Македонија
  2. Стратешки планови на МЖСПП
  3. Национална Стратегија за одржлив развој во Република Македонија
  4. Национална стратегија за инвестиции во животната средина
  5. Национална стратегија за апроксимација во животната средина
  6. Национална стратегија и акционен план за заштита на биолошката разновидност на Република Македонија
  7. Подршка за подготовка на Национална стратегија за одржлив развој во Република Македонија
  8. Стратегија за управување со отпад на Република Македонија (2008-2020)
  9. Национална стратегија за механизмот за чист развој 2008-2012 според протоколот од Кјото
  10. Стратегија за мониторинг, комуникација, подигање на јавната свест и управување со податоци

 

Ако се погледне пак националната законска регулатива, листата е исто така долга- од Законот за води, до Законот за заштита на растенијата, преку Законот за квалитет на амбиентален воздух, Закон за заштита на природата, и многу други.

 

Личен став на авторката е дека иако правната рамка за заштитата на животната средина е поприлично сеопфатна, истата не е доволно интергирана, со што целиот процес е поприлично бирократизиран. Прашањата од животната средина некако се третираат како споредни, и токму тој пристап не доведе како држава до овој степен на проблеми со загадувањето до кој сме денес.

 

Со оглед на непосредното опкружување во соседството, па и случувањата кај нас, конфликтите и нивните директни и индиректни ефекти и геополитичката поставеност, на заштитата на животната средина мора да и се обрне должното внимание, ако сакаме да го обезбедиме физичкиот опстанок на државата и населението како предуслов за сите други активности.

 

Од друга страна, Македонија е земја без излез на море, и е енергетски зависна[31]. Најголем извор на електрична енергија добива од термоелектраните РЕК Осломеј и РЕК Битола, кои користат лигнит- кој сам по себе не е многу калоричен ниту квалитетен. И овие наоѓалиште се со ограничен рок на траење, а иако многу се зборуваше за обновливи извори на енергија и истите се субвенционираа, поголеми ефекти изостанаа.

 

Најголемиот предизвик- да се зборува отворено за проблематиката

Иако Република Македонија е потписник на Архуската конвенција која се однесува на слободниот пристап до информации поврзани со животната средина, и веќе беа подготвени два периодични извештаи за истата[32], најголемата промена во оваа сфера ја донесе студентска андроид апликација под името „Мој воздух“. Ова сознание зборува многу за потребата од актуелизирање на проблематиката, но и на законодавството и меѓународните стандарди во областа. Недостига експертска дебата, реални и одржливи јавни политики.