Македонски Shqip English

За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2020

Aнализа на капацитетите и ресурсите на Jавното обвинителство во РСМ

Оваа анализа ја согледува моментална состојба во однос на капацитетите и ресурсите достапни на јавното обвинителство во Северна Македонија. Во неа се разработуваат организациската поставеност на јавните обвинителства, кадровската екипираност, стручното усовршување и алоцираните финансиски средства на оваа институција. Анализата е составена од следната структура: вовед, правна рамка, организациска поставеност и кадровска екипираност ја јавното обвинителство и стручната служба, континуирана обука на јавните обвинители и финансирање на јавното обвинителство. Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривичните дела и на други казниви дела утрдени со закон. Капацитетите и ресурсите со кои располага оваа институција за клучни за ефикасноста и ефективноста во однос на нејзиното работење како и довербата што ја гради кај граѓаните. Клучните наоди во оваа анализа посочуваат дека јавните обвинителства во Северна Македонија низ годините се соочуваат со недостаток на јавни обвинители што е забележано и во последниот извештај за напредок на Европската Комисија. Податоците во однос на кадровската екипираност на стручната служба на јавното обвинителство укажува дека само 31% од предвидените места согласно систематизацијата се пополнети во јавнообвинителската служба што особено ја отежнува работата на јавните обвинители. Во однос на стручното усовршување на јавните обвинители, позитивен е фактот Академијата за судии и јавни обвинители значително придонесува со обезбедување обуки од различен карактер кои помагаат на професионалната надградбата и подигнување на квалитетот на јавното обвинителство. Сепак, најважно во поглед на обезбедување на ресурси е соодветната алокација на државните буџетски средства кон јавното обвинителство. Во изминатите години, врз основа на алоцираните средства, полoвина од буџетот доделен на јавното обвинителство се троши на плати додека за капитални инвестиции во обезбедување и унапредување на техничките ресурси се од незначителна стапка од 4% до 5% што негативно влијае во обезбедување на соодветни просторни услови особено во јавните обвинителства вон главниот град. Позитивен е трендот што наспроти изминатите години, во 2019 буџетот на јавните обвинителства е зголемен за 13% во однос на 2017 но сепак овие бројки треба и понатаму да растат.

Целосната анализа е достапна на линкот подолу

Ресурси и капацитети на ЈО 2020