Македонски Shqip English

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Обука за финансии, јавни набавки, царини и корупција

На 29 февруари и 01 март во Охрид беше одржана обука за жените претприемачи во рамки на проектот „Проект за развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“. На оваа обука по втор пат во рамките на правно-економскиот сервис заедно се состанаа жените од Северна Македонија и Албанија. Темите кои се обработуваа на неа се во рамките на 6тиот модул, поточно сè што е поврзано со финансиски средства за започнување бизнис, јавни набавки, царини и трговија и корупција.

Оваа обука е од исклучиво значење за жените од двете страни на границата поради тоа што имаа шанса да се запознаат меѓусебно и да споделат искуства и знаења, но и да разјаснат некои од дилемите кои им се наметнуваат од наведените области, бидејќи дел од нив веќе имаат основано свои бизниси и најголемиот проблем со кој се соочуваат се финансиите и корупцијата.

DSCN6952-min.JPG (864 KB)

DSCN6956-min.JPG (1.05 MB)

DSCN6957-min.JPG (1.11 MB)

DSCN6970-min.JPG (1.13 MB)

DSCN6965-min.JPG (869 KB)

DSCN6972-min.JPG (1.01 MB)

DSCN6978-min.JPG (932 KB)

DSCN6979-min.JPG (868 KB)

DSCN6981-min.JPG (825 KB)