Македонски Shqip English

Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството

Трета работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството

Од 25.02 до 26.02.2020 година се одржа Работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството, во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ наменета за судии и судска администрација од Гостиварско апелационо подрачје.

Во текот на дводневниот настан присутните судии заедно со дел од вработените на судската администрација имаа шанса да ги споделат своите искуства од секојдневната пракса на судовите.

Селим Адеми, член на Судскиот совет на РСМ, зборуваше за транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РСМ и за заложбите и реализирани активности произлезени од законските надлежности на Судскиот совет на РСМ.

На оваа трета работилница, од предвидените вкупно пет работилници, се дискутираше за теми од областа на ефикасноста, ефективноста и транспарентноста на работењето на судовите, од аспект на судиите и судската администрација. Беа дискутирани предизвиците со кои судиите и судската администрација се соочуваат при својата работа, условите за нивната ефективност и ефикасност и потребата за транспарентност. Цел на овие дискусии беа да ги приближат искуствата и да ги евидентираат несогласностите кои се појавуваат во текот на работењето и влијаат на горенаведените начела за успешно редовно работење.

Предавачи на работилницата беа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители – Наташа Габер-Дамјановска, проф. Д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет Јустинијан Први, Лидија Таневска Јадровска – Шеф на кабинет на Претседателот на Врховниот суд на РСМ и судија Лазар Нанев од ОС Кавадарци.

Во своите сесии, директорката на АСЈО Наташа Габер – Дамјановска се осврна на статусот на судиите (принципи и пракса) според меѓународните и домашните правни рамки, а во своето интерактивно излагање заедно со присутните дискутираа за случаи од праксата на ЕСЧП.

Лидија Таневска Јадровска – Шеф на кабинет на Претседателот на Врховниот суд на РСМ зборуваше за справување со стресот во секојдневието и професијата, организација на работа и управување со времето како и за важноста на ефикасна интерна и екстерна комуникација на судовите.

Професорката Гордана Лажетиќ од Правниот факултет Јустинијан Први во своето излагање ги опфати темите ,,Ресурси во судството како предуслов за ефективна судска правда како и темата ,,Управување со предмети во функција на интероперабилност‘‘.

Целта на овие работилници претставува, различните теми изложени од страна на предавачите да створат целина која покрај редовното работење на судиите и судската администрација, да ја подигне свеста за неопходноста за поголема интерна и екстерна комуникација на вработените во судските институции како и совладување на техники за справување со стресот и во секојдневието и професијата и организација на работата и работното време.

Судијата Лазар Нанев се произнесе во делот за транспарентност на судството, градењето на интегритетот на судиите, а посебно се осврна на АКМИС системот и дисциплинската наспроти етичката одговорност на судиите како сегменти на отпочнатиот процес на реформи на судскиот систем.

Проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ е финансиран од страна на ЕУ преку СФЦС и Британската амбасада Скопје a е имплементиран од Институтот за човекови права во партнерство со Центар за правни истражувања и анализи со поддршка на Здружение на судиите на Република Македонија и Здружение на судска администрација како здруженија соработници.

DSCN6921-min.JPG (1.86 MB)

DSCN6853-min.JPG (1.06 MB)

DSCN6854-min.JPG (999 KB)

DSCN6874-min.JPG (961 KB)

DSCN6896-min.JPG (1.36 MB)

DSCN6910-min.JPG (1.19 MB)

DSCN6923-min.JPG (1.16 MB)

DSCN6937-min.JPG (1.23 MB)