Македонски Shqip English

Повик за ангажирање на едно лице

Институтот за човекови права (ИЧП) има потреба од ангажман на едно лице за позицијата Проектен соработник.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV – кратка биографија во европски формат и мотивациско писмо до 2.000 карактери.

Краен рок за аплицирање е 24.02.2020 година (17:00 часот. Кандидатите може да ги достават документите електронски на емаил: ihr@ihr.org.mk и info@ihr.org.mk - во наведениот рок за пријавување, при што предмет на пораката да биде: ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС ЗА ПРОЕКТЕН СОРАБОТНИК

Пријавите пристигнати по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Сите прашања кандидатите може да ги постават по електронски пат на наведените емаил адреси најдоцна до 21.02.2020 година, до 12:00 часот.

Забелешка: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор согласно наведените критериуми, ќе бидат контактирани најдоцна дo 26.02.2020 година.

Детални информации за огласот и начинот на аплицирање се наоѓаат на следниот линк.