Македонски Shqip English

Зголемен јавен надзор на работата на Антикорупциска и Антидискриминациска комисија

Втор мониторинг извештај за работата на ДКСК - конференција

DSCN6669.JPG (5.67 MB)

Вториот мониторинг извештај изработен во рамките на проектот „Зголемен јавен надзор на работата на Антикорупциска и Антидискриминациска комисија“ беше презентиран на 20.12.2019 година. Овој мониторинг извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата го опфаќа периодот од септември до ноември 2019 година. Еден од клучните делови на овој мониторинг извештај се препораките кои се дадени, а во насока на подобрување на ДКСК.

- Да се врши приоретизација на предмети и пријави по однос на обем на штета по домашен буџет, остварување на права и обврски, влијанија, итн. а да се одбегне постапување по неколку пати по истата пријава.

- Да се воспостави механизам за филтрирање на пријавите кои не се во надлежност на ДКСК, за да не се трошат ресурси и време во предмети за кои нема законски основ да се постапува, за оние за кои може да се утврди дека рокот е поминат или за оние за кои нема
доволно податоци.

- Да се донесе посебен Етички кодекс за членовите на Комисијата, но и да се предвиди внатрешен/надворешен механизам за евалуација и мониторинг на почитувањето на Етичкиот кодекс.

- Да се објави Регистарот за овластени лица за прием на пријави од укажувачи согласно посочениот рок.

- Да се изнајде институционален/законски механизам за следење и евалуација за степенот на извршување на одлуката/препораката дадена од страна на ДКСК. Да се најде начин како да се задолжат институциите да постапуваат по одлуките на ДКСК.

- Да се изнајде механизам како ќе се толкува „итни и неодложни работи“ на потранспарентен начин од страна на институциите. Доколку е потребно да се сугерираат измени на закон со барање за дополнителни интерни процедури за анализа на потреби за профили и работни места, која ќе се објавува јавно, како што сугерира и ДКСК.