Македонски Shqip English

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Флаери со информации

Нашата мисија е да обезбедиме помош и поддршка за жени кои сакаат да започнат сопствен бизнис односно да станат претприемачи. Ние им помагаме на жените да ја следат својата желба и страст во креирањето на сопствен бизнис, на начин кој ќе ги зајакне и ќе ги подготви за сите предизвици на претприемништвото. Воедно нудиме совети и консултации, ги поставуваме релевантните прашања, разговараме за постоечките ризици и како истите да се контролираат, подготвуваме план заеднички, ги предвидуваме трошоците и ја зголемуваме ефективноста во водењето на бизнисот. Дополнително, се стремиме да обезбедиме поддршка на веќе основани женски бизниси и да ги поттикнеме кон совладување на нови вештини и способности. Разговараме за можностите за воведување на нови производи и услуги, пронаоѓаме нови начини за зголемување на продажбата, за понатамошни инвестиции и иновации, како и за проширување на нови пазари.

Флаер бр. 1

Флаер бр. 2