Македонски Shqip English

Интернационален ден на мирот 21 септември

 

 

Во рамки на кампањата за одбележување на интернационалниот ден на мирот на тема „Справување со климатските промени за да се овозможи мир“ започнуваме со серија примери за климатска акција.

Климатската акција е базирана на целите за одржлив развој на Обединетите Нации и извештајот за проценка на меѓународниот панел за климатски промени, и истата се состои од листа на препораки и активности кои секој од нас може да ги преземе на дневно ниво се со цел спречување еколошка катастрофа и градење мир.

#1 препорака – Помалку месни производи, а повеќе зеленчук и овошје.

Во извештајот за проценка е наведено дека преминувањето кон исхрана базирана на зеленчук и растенија може да помогне во борбата со климатските промени. Резултатите од истражувањето за поврзаноста на почвата и климатските промени покажуваат дека големата потрошувачка на месо и млечни производи на Западот го зголемува глобалното затоплување.

https://www.ipcc.ch/report/srccl/

https://soundcloud.com/unfao/international-day-of-peace

EAT LESS MEATs. (7).png (473 KB)

#2 препорака - Тренд на користење велосипед.

Втората препорака за климатска акција во рамки на кампањата за одбележување на интернационалниот ден на мирот.

Градот може и треба да се развива одржливо, а со често користење велосипед се подобрува квалитетот на живот и здравјето во урбаните средини.


Да бидеме генерациите кои ќе ја зачуваат иднината.

ТРЕНД ВЕЛОСИПЕД.png (501 KB)

#3 препорака - Споделувам, значи се грижам.

Третата препорака за климатска акција во рамки на кампањата за одбележување на интернационалниот ден на мирот.

Користење јавен превоз или споделување на своето возило, како и споделување на оброк наместо истиот да биде фрлен, се само дел од секојдневните примери со кои можеме да допринесеме за здрава животна околина.
http://www.skopje.gov.mk/Uploads/Otporno%20Skopje%20Startegija%20mkd.pdf

#4 - Исклучи ги електроските уреди кога не ги користиш
 
Не ги оставајте уредите на чекање, туку исклучете ги од штекерот. На пример, телевизорот троши до 24 отсто енергија, иако е исклучен. Околу шест проценти енергија во домаќинството се троши на уредите во „стенд-бај“ функцијата.
Доколку е можно, електричните уреди немојте да ги чувате во „стенд-бај“ режимот на работа (најчесто црвената светилка), затоа што така троши и до осум проценти повеќе електрична енергија годишно.
 

 EAT LESS MEATs. (4).png (317 KB)

#5 -  Да ги зачуваме парковите и зелените површини

Оваа препорака за климатска акција се однесува на зачувување на парковите и зелените површини кои се наоѓаат во и околу градовите, а се одлично место за одмор и рекреација.

,,Од суштинско значење за квалитетот на живот во секое населено место е постоењето на зелени површини.

Современата состојба на зелените површини е под влијание на начинот на живот на денешната цивилизација, брзиот развој на индустријата и уништувањето на зелените површини. Токму затоа постоењето на зелените површини е значаен фактор и граница за високиот квалитет на живот во градска средина."

http://eprints.ugd.edu.mk/…/5.HISTORICAL%20DEVELOPMENT%20AN…

EAT LESS MEATs. (4) (1).png (608 KB)

#6 Земи си торбичка кога одиш во продавница

Дома сигурно имаш барем една од оние кул платнени торбички останати од некој настан или дизајнирани од некој локален дизајнер. Но, наместо да ти фаќаат прашина дома, нареден пат кога ќе одиш во продавница, земи една со тебе.
Поддршка на одржливите работни места преку еднократното купување на торбички направени од одржливи материјали како бамбус или јута, помага на земјоделците и текстилните работници да се издржуваат себеси и нивните семејства.
Пластичните ќеси се причинители на смртта на над 100,000 делфини, ајкули, желки и останати морски животни. Најчесто животните умираат поради задушување или поради голтање на пластичните ќеси.
За тоа како користењето на платнените торбички може да ѝ помогне на животната средина прочитајте тука:
https://terngoods.com/blogs/learn/how-do-reusable-bags-help-the-environment

1.png (686 KB)

#7 Кажи не на пластичните цевки

Дали некогаш си се запрашал/а колку време користиш една пластична цевка пред да ја фрлиш?

Одговорот на ова прашање е 20 минути. Суровата реалност е дека луѓето со нив располагаат на неправилен начин, што ги прави уште поопасни за средината.

На пластиката ѝ треба околу 200 години да се распадне. Околу 25 милиони тони пластика годишно завршуваат на дното на океаните. Прикажано преку едноставен пример, тоа е како фрлање цел камион пластика во океанот секоја минута. Овој број ќе се дуплира доколку до 2030 доколку не делуваме.

2.png (580 KB)

 

#8 Затвори ја водата додека ги миеш забите

Сите сакаат блескава насмевка, но колку пати додека ги миеш забите ја оставаш водата да тече.Само со затворање на водата додека ги четкаш забите може да заштедиш до 750 литри вода на месечно ниво.

Нареден пат кога ќе миеш заби сети се на ова.

3.png (288 KB)

#9 Едуцирање на децата од најрана возраст

Едуцирањето на децата уште од најраната возраст и создавање навики за грижа за својата околина е круцијално во борбата против климатските промени. Подигнувањето на свеста за користењето пластика, еколошките начини на превоз може да станат навика уште од најрана возраст.

4.png (664 KB)

#10 Засади дрво

Дрвјата го апсорбираат јаглерод диоксидот и останати гасови од атмосферата. Едно целосно формирано дрво може да апсорбира до 21 килограм јаглерод диоксид годишно, што создава доволно кислород за 4 лица.

Дрвјата исто така создаваат сенка што помага при задржувањето на влажноста во почвата и ја одржува нејзината плодност. Повеќе сенка и помалку сонце во урбаните средини ја намалува енергетската потрошувачка и заштедува при ладење.

https://onetreeplanted.org/blogs/stories/trees-climate-change-reforestation

5.png (690 KB)