Македонски Shqip English

Ден на граѓанските организации

Ден на граѓански организации.png (34 KB)

На 14 септември од страна на Civica Mobilitas беше организиран Ден на граѓанските организации, чија цел беше приближување на граѓанските организации и нивната работа до граѓаните. Институтот за човекови права беше присутен на настанот и освен што ја претстави својата работа преку проектите, тој им подготви и квиз на посетителите преку кој го тестираше нивното познавање од областа на човековите права. Квизот насловен како Колку ги познаваш твоите права? имаше цел преку реални ситуации граѓаните да утврдат дали има повреда на некое право. За собирање на дадените одговори беше изработена кутија. Кутијата која се користеше беше изработена од преостанат материјал од веќе завршени проекти на Институтот, а со цел подигнување на нивото на свесност и грижа за околината преку пренамена и повторно користење на достапните материјали.

Квизот исто така е достапен на следниот линк.

DSCN0813.JPG (370 KB) DSCN0814.JPG (510 KB)

DSCN0822.JPG (286 KB)

DSCN0823.JPG (510 KB) DSCN0831.JPG (254 KB)

DSCN0821.JPG (281 KB)

DSCN0818.JPG (470 KB)

16.09.2019, Скопје