Македонски Shqip English

Заедно во борба против корупција

ПОВИК за доделување грантови на граѓански организации

Screenshot_55.png (74 KB)

Центарот за истражувачко новинарство СКУП МАКЕДОНИЈА од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје и Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар, во рамките на заедничкиот проект „Заедно во борба против корупција“, финансиран од Европската Унија преку Програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите 2016-2017 ИПА/2017/155322-3/7, објавуваат повик за доделување на грантови за граѓански организации (ГО) за акции во рамки на грантова шема на односниот проект.

Во рамките на овој повик ќе се доделат од 6 до 10 мали грантови со максимален износ од 12.500 евра по грант. Вкупниот износ на повикот е 124.666 евра.   

Цел на повикот

Целта на овој повик  е да се обезбеди поддршка за шест (6) до десет (10) граѓански организации на национално и на локално ниво кои работат во областите на сузбивање на корупцијата и подигање на свеста и пристапот до информации во однос на прашања кои ги засегаат граѓаните, а се поврзани со корупција. Грантовите ќе се доделуваат на ГО кои остваруваат активности во борбата против корупција, зголемување на транспарентноста и анти-коруптивните практики како и на оние кои ја следат работата на органите на локална самоуправа .

КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВА НА АПЛИКАЦИИТЕ Е 15 ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА ДО 18 ЧАСОТ! СЕКОЈА АПЛИКАЦИЈА ПО ОВОЈ РОК НЕМА ДА БИДЕ РАЗГЛЕДУВАНА

Документи за апликацијата:

Повик за ГО – грантови 09-2019

Прилог 1 – Образец за пријавување

Прилог 2 – Buxhet_Regranting scheme