Македонски Shqip English

Заедно во борба против корупција

Повик за истражувачки стории

EU_mk.png (39 KB),

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, заедно со партнерите Институт за човекови права и Медиум, во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за изработка на новинарски текстови од жанрот на истражувачкото новинарство на тема БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА. 

Следствено, истражувачките стории треба да опфатат една или повеќе области од следниве поттеми:

Појавни облици на случаи на корупција (индиции за нерационално трошење на јавните пари, злоупотреба на службена должност, непотизам и клиентелизам);
Институции и надлежни тела со мандат за сузбивање или превенција на корупција (покренати случаи од институциите, функционалност и успешност во справувањето со корупција како и отчетност на истите);
Детектирање на коруптивни дејствија во постапки за отуѓување на градежно (изградено и неизградено) земјиште, приватизација и закуп на градежно земјиште, денационализација и експропријација.

Буџетот со кој ќе располагаат избраните кандидати изнесува 1350 евра (во денарската противредност) по сторија.

Кандидатите можат да бидат вработени новинари, слободни новинари или активисти на граѓански организации. Еден кандидат може да учествува со максимум една предлог сторија.

Изборот го врши Комисија со бодување на апликациите, врз база на барањата наведени во онлајн апликацијата (наведена подолу).

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Рокот за изработка на сториите е три месеци од денот на потпишување на договорот со избраниот кандидат.

Повикот трае до 20 септември 2019 година. Се прифаќаат само пријави поднесени преку контакт формата подолу заклучно со 20 часот на 20 септември 2019 година.

Сите пријави по овој термин ќе бидат ОТФРЛЕНИ.

Линкот до формуларот за пријавување можете да го пронајдете тука.