Македонски Shqip English

др. Јуриј Топлак и Тадеј Дубровник

Правилно покривање штета заради кршење на гласачките права во САД и ЕУ

 

др. Јуриј Топлак и Тадеј Дубровник

Еден гласач имал намера да гласа по пошта, но гласачкиот орган не му го доставувал гласачкото ливче. Друг гласач бил задржан во полициска станица и тоа не му дозволило да го посети гласачкото место. Трет, кој бил инвалид, не можел да гласа бидејќи гласачкото ливче било за него во непрепознатлив облик или гласачкото место за него било физички недостапно. На четвртиот гласач гласачкиот одбор не му дозволил да гласа бидејки неговото име во гласачкиот список  веќе било заокружено.

 Дали овие гласачи имаат право на надоместок и која е соодветната компензација за кршењето на гласачките права?

Оваа статија ја претставува европската и американската судска практика и висината за надоместокот на штета  како што ја признаваат странските судови.

 

Правилно покривање штета заради кршење на гласачките права во САД и ЕУ

            Ширум светот од различни причини на гласачите им се кршат гласачките права. По неодамнешните парламентарни избори во Велика Британија илјадници гласачи размислуваат да вложат тужби за надоместок на штета бидејќи гласачките места се затвориле додека тие во долги редици чекале да гласаат бидејќи не можеле да гласаат во затворите.1 Во Словенија, гласач кој не бил посетен во својот дом од гласачкиот одбор, бара од државата 50.000 евра надоместок на штета.2 На српските гласачи им се случило да исчезнат од гласачкиот список, иако навремено и уредно имале испратено пријава за впишување во гласачкиот список.3 Во Хрватска, слепите лица долго време се противеле, бидејќи не можеле самостојно да гласаат. 4 Дури и сега, кога им е дадена можат да гласаат со помош на гласачки ливчина со Брајово (Braillevo) писмо, некои од нив не знаат да го читаат тоа писмо или имаат таков облик на инвалидитет, па не се во можност да исполнат ниту обично гласачко ливче, ниту ливче со Брајово писмо.

Прашањата за судската сигурност на гласачките права и на правата од надоместок на штета за кршење на таквите права како во примериве е разрешено пред повеќе од три века. Уште во 1703 година, во случајот на Ешби и Вајт (Ashby v White5), познат и под името Aylesbury election case, англискиот Дом на лордовите го признал правото на избирачот од судска заштита на гласачкото право и од паричен надоместок на штетата. Лордот Холт (Holt6) во таа одлука запишал: “Ако тужителот има право,  мора да има и средства да го штити тоа право кога му е оневозможено неговото извршување.”7 Секое кршење на правата предизвикува штета и, иако странките, заради кршење на тие права, не требале ништо да платат, тоа сепак претставува штета која во таквиот случај е нематеријална. “Дури и во случај на клевета, иако личноста која е клеветена не губи ниту цент со самото клеветење, сепак мора да има право да тужи.”8

Според мислењето на лордот Холт одговорноста на државата за надомест заради кршењето на гласачките права ги присилува државните органи кон повнимателно почитување на правилата.

Во Обединетите американски држави Врховниот суд правата на гласачите од паричен надоместок за штета го потврдил во 1900 година, во случајот на Вили и Синклер (Wiley v. Sinkler)9 и во 1903 година, во случајот на Гили и Харис (Giles v. Harris10). Во првиот случај Врховниот суд нагласил дека гласачкото право е лично право кое е можно да се изрази и парично, “а точната вредност да биде одредена од поротата.”11 Подоцна било потврдено и правото од надоместок на штета во случај на кршење на гласачкото право пред избори, односно пред избор на партиските кандидати.12 При одредувањето на висината на примарниот надомест на штета поротата не смее да има предвид некои апстрактни вредности, односно не треба да ја оспорува важноста на уставните права.13 Мора да пресуди според еден од двата начини: според првиот- врз основа на искажаната настаната штета, вклучувајки ја и душевната болка и страдањето, или според вториот- без докажување на штетата по висина, со таканаречените претпоставки (presumed damages), кои во секој различен случај засебно ги определуваат членовите на поротата врз основа на нивното лично убедување.

За Словенија пред се` е  важна практиката од Европскиот суд за човекови права.14 Дури и Европскиот суд за човекови права на гласачите на кои им биле прекршени гласачките права им признава право на надомест  за нематеријална штета. Во своите први пресуди за прекршување на гласачките права Судот не пресудувал  “правилно покривање на штета” или пак одлуката за висината на надомест на штетата ја препуштал на земјите - членки.15 Во поновите одлуки Судот на тужителот константно му пресудува по 1500,00 евра за “правилно покривање на штета” уште од почетокот на прекршувањето, според одреденото со Конвенцијата за загарантирани гласачки права, без оглед дали тужителот ја докажал висината на штетата.16 Во последната одлука Алајош Киш (Alajos Kiss) против Унгарија, судот има донесено пресуда- 3000,00 евра за правилно покривање штета и 5000,00 евра паушал за судски трошоци-на личност со инвалидитет која во Унгарија го изгубила гласачкото право поради ментална болест. 17Сепак, тие го претставуваат правилното покривање на штета, како што пресудува Европскиот суд, во минимални стандарди на обезбедување на правата, но земјите - членки можат да признаат и  повисоки надоместоци на штети.

По британските парламентарни избори, во 2010 година, меѓу набљудувачите преовладува мислење дека на сите оние на кои заради различни причини им биле прекршени гласачките права им се дозволени надоместоци на штети во иста вредност како што е и правилното покривање на штета што го досудува и Европскиот суд за човекови права.18 Во случај гласачот, и покрај кршењето на гласачките права, да успеал да докаже и штета од редот на душевни болки, висината на таа штета би била променлива од случај до случај.

 

Исто така од значење е да се додаде дека и во случај на кршење на гласачките права на кандидати за избори, на кандидатите им е дозволено барање на надомест на штета, бидејќи кршењето на гласачкото право може да влијае на остварувањето за кандидирањето на изборите. Европскиот суд на правдата во таквите случаи пресудува правилно покривање на штета во износ меѓу 7500.00 19 и 8000.00 евра.20

Некои држави одат до таму што досудуваат дополнителна оштета на оние кои можеле да гласаат, но биле дискриминирани на местото на гласањето. Во Канада  хендикепиран гласач кај гласачкото место се соочил со скалила и морал да се лизга по нив седејќи за да може да стигне до местото за гласање. И, иако на крајот сепак гласал, судот му досудил 10.000,00 долари заради непријатностите што ги доживеал. Судот и`  наложил на државата да воведе систем за редовна контрола на гласачките места и сите гласачки места да бидат подеднакво достапни за сите, без дискриминација.21

Македонија, во 2007 година, потпиша Конвенција за заштита на правата и достоинството на лицата со хендикеп и паралелно со неа Европска конвенција за човекови права. Дури и Уставот на Македонија прокламира тајно гласање за сите, вклучувајки ѓи и инвалидите. Но, во Македонија гласачите што користат инвалидски колички немаат пристап до гласачкото место. Исто е и за слепите лица-и тие не добиваат гласачко ливче кое лесно би можеле сами да го пополнат. Затоа, им се порачува на Собранието и на Kомисијата за гласање, постапките за гласање да ги усогласат со меѓународните стандарди, за гласачите на кои гласачките места, тајноста на гласањето и начинот на гласањето не им се на задоволителен начини достапни да можат да го остварат своето право, пред тоа право да го бараат од судовите. 

 

 

Др. Јуриј Топлак, доктор по правни науки, доцент за уставно право на Правниот факултет на Универзитетот во Марибор, член на Државната изборна комисија на Словенија, генерален секретар на Европското здружение за гласачко право (European Election Law Association – EURELA), jurij.toplak@gmail.com

 

Тадеј Дубровник, дипломиран правник, асистент за уставно право на Правниот факултет на Универзитетот во Марибор, tadej.dubrovnik@gmail.com

 

 

 

1*Авторите им се заблагодаруваат на Елена Костова Жарко Хаџи-Зафиоров за помошта.

 Adam Wagner. "The human rights cost of preventing people from voting" UK Human Rights Blog. 7. мај 2010 http://ukhumanrightsblog.com/2010/05/07/the-human-rights-cost-of-preventing-people-from-voting/ 2 Погледни: Marko Pigac. "50.000 evrov, ker ni mogel voliti" Dobro jutro (Savinjska izdaja), (“50.000 евра, бидејќи не можел да гласа”,  Добро утро (Савинско издание)) 3. април 2010, стр. 17.3 Internet Novine Serbske "Tadic pobedio u dijaspori", SrpskaDijaspora.Info 2008. http://www.srpskadijaspora.info/vest.asp?id=10086

4 Večernji list. "Ni ove godine slijepim osobama nije omogućena tajnost glasovanja" Vecernji list (Izd. za Istru, Primorje i Liku), 17. 5. 2009.

 

5 Ashby v White (1703) 92 ER 126 (Aylesbury election case). Оваа одлука често се користи за илустрирање на максимата "ubi jus ibi remedium" [Таму кај што има права, таму мора да има и правно средство]. Погледнете го случајот "ubi jus ibi remedium - Ashby v White, action on the case" http://law.jrank.org/pages/17980/ubi-jus-ibi-remedium.html#ixzz0nR34sYIm

 

6 Лорд Holt, кој  во времето на одлучувањето бил Врховен судија на Англија и Велс, дал издвоено мислење, а потоа Домот на лордовите, со педесет против шестнаесет гласа, одлучил во корист на неговото мислење.

 

7 Лорд Holt, стр. 273-274.

 

8 Ibid.

 

9 Wiley v. Sinkler, 179 U.S. 58 (1900). Тужителот барал надомест на штета во износ од 2500 долари, што денес би изнесувале приближно 65.000 долари.

 

10 Giles v. Harris, 189 U.S. 475 (1903)

 

11 Wiley v. Sinkler, na стр. 65.

 

12 Nixon v. Herndon, 273 U.S. 536 (1927). Во тој случај, исто како и во подоцнежниот случај Lane v. Wilson, 307 U.S. 268 (1939), тужителите од државата побарувале по 5000 долари заради прекршување на гласачките права.

 

13 Memphis Community School District v. Stachura, 477 U.S. 299 (1986).

 

14 Европската конвенција за човекови права гарантира гласачко право во рамки на “права до слободни избори”, гарантирани со член 3. од Првиот протокол: “Високите договорни странки се обврзуваат дека во разумен временски рок ќе спроведат слободни и тајни избори кои ќе обезбедат слободно изразување на мислењето на народот при изборот на законодавното тело.”

 

15 Погледнете го случајот Hirst против Обединетото кралство (бр.2)(Опр. Бр.74025/01). Одлука на големиот сенат од  6. октомври, 2005 (Судот одлучи, дека британскиот закон, кој на затворениците не им ги признава гласачките права, е спротивен на конвенцијата) и Campagnano против Италија(Опр. бр. 77955/01) од 23. март, 2006 (Судот одлучи дека се кршат гласачките права од италијанското законодвство, според кое право на глас немаат лицата кои се во личен банкрот).

 

16 Pantuso против Италија (Опр. бр. 21120/02) од  24. мај ,2006; Bova против Италија (Опр. бр. 25513/02) од  24. мај 2006 ( И двата Pantuso и Bova добија по 1500 евра надомест). По 1500 евра надомест на штета, заради кршење на гласачките права, судот досудил и во бројни други случаи, меѓу кои на La Fazia против Италија (Oпр. бр. 4910/04) од 16 октомври, 2007; Melegari против Италија (Oпр. бр. 17712/03) од 13 ноември, 2007; Viola и другите против Италија (Oпр. бр. 7842/02) од 8 јануари, 2008.

 

17 Alajos Kiss против Унгарија (br. 38832/06) od 20. мај 2010.

 

18 Погледнете го случајот David Pannick. "Prisoners may be unpopular but they should still vote" Times Online. 6. мај 2010

 

19 Погледнете го случајот Namat Aliyev против Aзербејџан (Oпр. бр0. 18705/06) од  8 април, 2010 (заклучени беа повеќе прекршувања на конвенцијата, меѓу другото, поголем број  гласачи не можеле да гласаат бидејќи не биле запишани во гласачкиот спиок.)

 

20 Kovach против Украина (Oпр. бр. 39424/02) од  7 февруари, 2008 (некој во гласачката кутија за време на гласањето ставил повеќе веќе пополнети гласачки ливчина)

 

21 Пресуда на Канадскиот трибунал за човекови права (Canadian Human Rights Tribunal) James Peter Hughes v. Elections Canada, od 12 февруари, 2010. Достапно на http://www.chrt-tcdp.gc.ca/search/files/t1373_10308e120210.pdf