Македонски Shqip English

Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Последен караван за информирање на граѓаните 

Објавено на 02.09.2019

 

Минатата сабота, 31 август, 2019г. во рамките на фестивалот „Здраво Млади“ организиран од Младински културен центар (МКЦ) се одржа и последниот, четврти, караван од проектот Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет поддржан од Германската амбасада во Скопје. За време на настанот, посетителите на фестивалот имаа прилика да се запознаат со проектот и со програмата за застапување која ја води Институтот за човекови права, а која има за цел логистички и финансиски да помогне на граѓаните кои биле дискриминирани врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет да си ги остварат своите права пред надлежните институции. 
Изразуваме огромна благодарност до тимот на МКЦ и организаторите на „Здраво Млади“ за овозможената шанса на Институтот за човекови права да присуствува на фестивалот со својот штанд. 

2019-09-02 09.46.10 1-min.jpg (2.73 MB)

2019-09-02 09.44.34 2-min.jpg (2.34 MB)

2019-09-02 09.56.15 1-min.jpg (1.43 MB) 2019-09-02 09.46.25 1-min.jpg (1.83 MB)

2019-09-02 09.50.49 1-min.jpg (340 KB)

2019-09-02 09.45.24 1-min.jpg (763 KB)

2019-09-02 09.45.54 1-min.jpg (1.12 MB)

2019-09-02 09.43.39 1-min.jpg (2.03 MB)