Македонски Shqip English

Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Tрет Караван за информирање и едукација на граѓаните

Објавено на: 23.08.2019

 

Третиот Караван во рамките на Проектот „Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“ се одржа на 22ри август (четврток) во Битола. Во близина на Центарот за културата беше поставен штанд на кој се делеа промотивни материјали поврзани со Проектот. Граѓаните на Битола имаа шанса да се запознаат со Проектот, активностите и програмaта за застапување кои се дел од истиот. Овие каравани се наменети за сите граѓани, особено за оние кои немаат пристап до интернет, а кои сакаат дополнително да се информираат и да се здобијат со поголемо разбирање за заштитата од дискриминација со фокус на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Но, и доколку познаваат лица кои се дискриминирани врз овие основи да им помогнат и да ги информираат за програмата за застапување.

DSCN5769-min.JPG (1.14 MB)

DSCN5779-min.JPG (788 KB)

 DSCN5762-min.jpg (591 KB)   DSCN5785-min.JPG (1015 KB)

DSCN5782-min.jpg (973 KB)