Македонски Shqip English

Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Втор Караван за информирање и едукација на граѓаните

Вториот Караван во рамките на Проектот „Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“ се одржа на 19 Јули (петок) во Струга. Во близина на Паркот на поезијата беше поставен штанд на кој се делеа промотивни материјали поврзани со Проектот. На караванот граѓаните имаа шанса да се информираат за Проектот како и за програмата за застапување која е во рамки на истиот. Овие каравани се наменети за сите граѓани, особено за оние кои немаат пристап до интернет, а кои сакаат дополнително да се информираат и да се здобијат со поголемо разбирање за заштитата од дискриминација со фокус на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, но и доколку се запознаени со лица кои се дискриминирани врз оваа основа да им помогнат и да ги информираат за програмата за застапување.

DSCN5683-min.JPG (1.07 MB)

DSCN5681-min.JPG (4.87 MB)  20190719_123159-min.jpg (1.09 MB)

20190719_123941-min.jpg (1.51 MB)  20190719_125139-min.jpg (3.37 MB)

DSCN5684-min.JPG (1.09 MB)

DSCN5689-min.JPG (4.07 MB)