Македонски Shqip English

Проект за Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Повик за учество на дводневна обука

 

Институтот за човекови права (ИЧП) во рамките на проектот „Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“, финансиран од Германската амбасада објавува:

 

П О В И К

за учество на дводневна обука

 

Обуката има за цел на правните професионалци и практичари да им ги доближи одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација и да им овозможи подобро разбирање на националната и меѓународната правна рамка и нејзината имплементација во пракса.

 

Во рамките на овој повик ќе се изберат активисти за човекови права со фокус на ЛГБТКИ заедницата со определено ниво на знаење, искуство или интерес во областа на заштита на човекови права на маргинализирани групи и поттикнување на случаи од областа на дискриминација.

 

Обуката ќе се одржи на 09-ти и 10-ти јули, 2019 година во Хотел Сириус, Струмица.

  

ЦЕЛ НА ОБУКАТА:

Согласно новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација помеѓу другите пропишани меѓународни принципи, сексуалната ориентација и родовиот идентитет за првпат експлицитно се наведени како основи за дискриминација, па оттука и потребата за воспоставување конкретна позитивна пракса во случаи на дискриминација врз овие основи. Институтот за човекови права со овој проект има за цел да иницира акција за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет и нејзино (јасно и правилно) препознавање од страна на националните и локалните власти, правните професионалци и македонските граѓани. Истовремено, проектот има за цел да ја промовира толеранцијата кон припадниците  на ЛГБТКИ заедницата и да ја покрене свеста за многубројните начини на кои тие се маргинализирани и дискриминирани.

Како дел од овие активности, Институтот за човекови права (ИЧП) ги повикува сите заинтересирани активисти и борци за човекови права кои се заинтересирани за подобро разбирање на националната правна рамка и нејзина имплементација во полето на заштита од дискриминација, како и на меѓународните стандарди и судската праска на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), да се пријават на оваа дводневна обука. Обуката ќе ја одржат двајца експерти од областа на правото со етаблирано професионално национално и меѓународно искуство од областа на заштита на човековите права и недискриминацијата.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УЧЕСТВО НА ПОВИКОТ:

Потенцијалните учесници треба да го пополнат онлајн формуларот на овој линк најдоцна до 28.06.2019 година (петок).

 

СЕЛЕКЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ:

Селекцијата ќе се врши на основ прв-пријавен-прв-услужен сѐ до пополнување на местата. Пријавените кандидати ќе бидат известени за нивниот избор најдоцна до 02.07.2019 година.

 

ФИНАНСИСКО УЧЕСТВО НА ОБУКАТА:

 

Учеството на обуката е целосно финансирано од страна на Проектот. Избраните учесници ќе бидат дополнително контактирани и известени за сите детали (програмата на обуката, превоз, храна, сместување и сл.). 

 

КОНСУЛТАЦИИ:

Сите заинтересирани кандидати за пријавување на обуката доколку имаат какви било прашања во однос на овој повик, може да се обратат на е-маил: neda.petkovska@ihr.org.mk најдоцна до 26.06.2019 година за да ги добијат потребните информации.