Македонски Shqip English

Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет

Брифинг за новинари - Нов Закон за Судскиот совет на РСМ

 

viber_image_2019-05-20_12-07-46.jpg (213 KB) 
 На 20 мај (понеделник) во Јавна соба со почеток од 12,00 часот се одржа брифинг со новинари за новиот Закон за Судскиот совет на РСМ и за работата на Судскиот совет во изминатиов период. 
Брифингот беше одржан во форма на дискусија на која се покренаа прашања во однос на влијанието на новите измени врз работата на Судскиот совет и пред се на независноста на судството.
Настанот е дел од проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет“ поддржан од Британската амбасада Скопје.
 
Во рамките на проектот изработени се и инфографици на кои се прикажани измените направени со новиот Закон за Судскиот совет на РСМ кои може да ги најдете ТУКА.