Македонски Shqip English

ОГЛАС за ангажирање на лице задолжено за комуникации и односи со јавност

Институтот за човекови права (ИЧП) има потреба од лице задолжено за комуникации и односи со јавност кое ќе се грижи за видливост на работата на Институтот и одржување на односите со јавноста.

 

Обврски во рамки на ангажманот:

  • Следење на работата на Судскиот совет, на Државната комисија за спречување од корупција и Комисијата за заштита од дискриминација  и следење на работата на институциите и организациите кои преземаат активности директно или индиректно поврзани со работата на овие тела;
  • Дневно ажурирање и внесување содржини на мобилна апликација;
  • Објавување содржини на веб страницата и на социјалните медиуми;
  • Подготовка на кратки соопштенија за јавност;
  • Извршување на други задачи во согласност со потребите на ИЧП.

 

Потребно формално образование:

 

  • Завршени додипломски студии во областа на правото, комуникации, новинарство, или друга релевантна област. За предност ќе се сметаат: завршени мастер студии, работно искуство и/или неформално образование во областа на правни работи.

 

Потребни вештини и практично искуство:

 

  • Работно искуство (вклучувајќи волонтерство и практикантство) во односи со јавност, дигитални комуникации, правни работи и слично;
  • Работа на проекти во областа на човекови права;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик и високо развиени вештини за уредување и лекторирање на текстови на двата јазика;
  • Висока способност за работа на компjутер и интернет (Word, Excel, Power Point, Outlook, Dropbox, Google Drive и сл.), како и активно користење на мобилни апликации;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Флексибилност за тимска работа во динамична средина, работа во и надвор од канцеларија, подготвеност за комуницирање со различни целни групи.

 

Потребни документи за пријавување:

  • CV – кратка биографија во европски формат на македонски јазик;
  • Мотивациско писмо.

 

Ангажманот е предвидено да започне од 1 јуни, 2019 г. со полно работно време, во времетраење од 10 месеци со можност за продолжување.

Надоместок: 28,000 МКД бруто износ месечно.

 

Рок за пријавување: 26.05.2019 година  

Кандидатите може да ги достават документите електронски на емаил: ihr@ihr.org.mk и info@ihr.org.mk во наведениот рок за пријавување, при што предмет на пораката да биде: ПРИЈАВУВАЊЕ  НА ОГЛАС.

 

Пријавите пристигнати по наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Сите прашања кандидатите може да ги постават по електронски пат на наведените емаил адреси најдоцна до понеделник, 20.05.2019 година, до 16:00 часот.